вторник, 23.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Наука

Како да се докаже чудо?

Кои се механизмите на црквата за докажување на чуда? Постои ли некој строг критериум? Како се докажуваат некои појави кои се случиле пред повеќе столетија? Треба ли овие појави да престанат, а очевидците да умрат за да признае Црквата чудо? А што има верата со сето ова?

Отпишан болен човек, од кого на крај и медицината дигнала раце, одеднаш оздравува и ја победува лошата болест од која многумина, со сите можни лекови, не успеале да оздрават. Се случи чудо, велат сите кои го следеа заболениот и стравуваа за него. Некои од овие луѓе на кои им се случило чудо на оздравување ја прифатиле алтернативната медицина, а некои нашле спас во духовниот живот. Биле во Меѓугорје или Лурд или Фатима! Тие неможат да објаснат што всушност се случило, но знаат дека оздравеле. Значи, се случило чудо! Но, како да се докаже?

И како да се докаже чудото дека во Меѓугорје во 1981 година се појавила Богородица, па од тогаш се појавила повеќе пати? Кои се механизмите на Црквата за докажување на чуда? Постојат ли строги критериуми? Може да се каже - ДА, се случи чудо или - НЕ, не се случи чудо. Како да се докаже дека Богородица се појави токму тука во Меѓугорје, Фатима, Лурд или Лаус? Зошто за доказот со Фатима требаше да помине помалку време (појавувањето во 1917 година), а за Лаус (појавувањето од 1647 до 1718 год.) дури 350 години? Како се докажува тоа чудо на појавување по повеќе столетија?

Постои ли правило очевидците да не смеат да бидат живи за да се докаже дека тоа што го виделе не биле привиденија? Неверојатно е тврдењето кое овие денови може да се слушне по конгресот за појавувањето на Богородица, одржан во Лурд: „Невозможно е да се донесе службен суд додека се уште во Меѓугорје се случува ова појавување, бидејќи постои опасност очевидците на поинаков начин да ја доживуваат оваа појава“. Тоа би значело, додека појавувањата се случуваат, неможе да се потврди нивната веродостојност! А како да се докажат кога ќе престанат? Очигледно, во прашање се и очевидците и нивните интерпретации.

Значи најдобрите сведоци се мртвите очевидци, кога заедно со нив ќе исчезнат интерпретациите. А што има верата со сето ова? Едноставно во чуда треба да се верува! Кој пред две илјади години верувал во појавата на Исус Христос? И како е докажано дека Господ постои? Дали воопшто е докажано? Не е! Но, милиони и милиони луѓе веруваат во Господ (без оглед на различните конфесии). Тоа е основа на верата! Не да се знае, туку да се верува. Верата не е егзактна наука.

Ни чудо неможе да се докаже. Кога би било така, не би било чудо. И што сега со Меѓугорје? Велат: треба да се помине сопствената Калварија, како што минале Лурд, Фатима и Лаус, на кои Конгрегацијата за наука на верата дури оваа година ги потврди појавите кои се случија пред три и пол столетија! Дали таа Калварија е потребна за да може да се споредува со Христовото и така новото светилиште да добие на „верска специфична тежина“? Значи ли тоа дека Црквата бара Калварија? Во секој случај во Црквата постојат оние кои се „за“ и кои се „против“ Меѓугорје? Меѓу верниците е и месниот бискуп! А тој е прво скалило во признавањето на појавите. Без него понатаму не се може. Тука почнува меѓугорската Калварија, која очигледно ќе потрае додека сите „сведоци“ (за и против) се живи.

Надежта дека Меѓугорје полесно ќе тргне кон признавањето по Лаус е уништена заради еден фрањевец, кој наводно ја измислил цела приказна и сега е во изолација кој му ја определи Ватикан. Иако се покажа дека неговите престапи, поради кои е казнет, не се врзани за Меѓугорје, послужи како баланс во играта „за и против“ како поговорката „морков или стап“.

И што по се, со чудото и верата? Во Меѓугорје очигледно се случи чудо! Милиони верници со молитва сведочејќи ја верата создаваат енергија за доброто во светот во кој се повеќе има зло. И тоа е чудо! А без верата немаше да постои. Без чиста вера, а не манипулаторска.

(Вјесник - Загреб)




Наjновo од Футурама
Како да се докаже чудо?
Yahoo ја редизајнира насловната страна
Русин по душа
Стопиран проектот “големо распрскување“
Луѓето користат сличен начин за пребарување
Откриени стотици нови морски видови фото галерија
Колку е реално интернет пријателството?
Откриени мравки стари 120 милиони години
Црквата одбива да му се извини на Дарвин
Свињи владееле со светот
Пронајдена флуоресцентна црвена риба
ТВ во соба го „краде“ сонот
Во потрага по генетскиот код на компирот
greatest hits 2
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи