
|
 |
Футурама / Наука
|
|
Проблеми за идната мисија на Марс Отсуството на магнетизмот влијае на психата
Отсуството на земјениот магнетизам кај експерименталните животни доведе до проблеми со памтењето, промена во внатрешните органи и засилена агресија. - Во текот на летот на американскиот брод „Аполо - 11“ на Месечината, кога бродот излезе од полето на Земјата само неколку дена, по враќањето дојде до конфликтна ситуација меѓу членовите на екипажот.
Москва - Отсуството на земниот магнетизам може да доведе до психички проблеми кај космонаутите во време на изведувањето на меѓу планетарните мисии, како на пример, во експедицијата на Марс, покажаа експериментите на руските научници.
Истражувачите на Научниот институт за биологија и биофизика на Томскиот универзите (НИИ) и Институтот на медицинско-билошки проблеми РАН (ИМБП) спроведоа серија експерименти, во кои експерименталните глувци биле изолирани од магнетното поле на Земјата во специјални услови.
Резултатите покажале дека експерименталните животни имале проблеми со памтењето, како и тоа дека кај нив се забележани промени во внатрешните органи.
Раководителот на истражувањето, директорот на НИИ за биофизика Наталија Кривова и водечкиот научник соработник од ИМБП Кирил Труханов истакнуваат дека магнетното поле влијае на целиот жив свет.
Значењето на постоењето на Земјиното магнетно поле е клучно за целиот жив свет. Исто така, силината на магнетното поле во високите слоеви, длабоко во вселената е доволна да им го промени текот на движењето на наелектризираните честици со висока енергија (сончевиот ветер) да не влегуваат во земјината атмосфера и да не предизвикаат деструктивни последици по клетките на организмите.
Во текот на истражувањето научниците направија специјални комори во кои електромагнетниот систем го компензира земното магнетско поле така да во коморите е послабо од 700 до 1000 пати од обично.
Во овој „без магнетен простор“, најпрво 25 дена а потоа уште 10 дена, биле сместени 12 бели глувци а други 12 глувци ја чинеле контролната група. Нивното однесување било следено 24 часа.
„Најнапред е забележано дека глувците во без магнетските услови стално се тепале. Агресијата била многу изразена. Глувците се тепале а потоа изморени заспивале и не станувале ни за време на хранењето. При тоа во контролната група се било нормално. Само ги будела буката која допирала од експерименталната комора“, изјави Кривова, наведува агенцијата РИА „Новости“.
Руската научничка појасни дека тепањето кај глувците е средство за воспоставување хиерархија, кога таа ќе се воспостави тепањето престанува. Според нејзиното мислење, глувците лишени од земниот магнетизам ги „заборавиле“ правилата и ги загубиле социјалните навики.
Покрај ова кај глувците во голема мера е забележана заборавеност.
„Тестот се изведувал два пати, пред експериментот и после него. Контролната група се однесувала нормално препознавајќи го местото каде порано престојувале, а експерименталната група се однесувала како прв пат да е тука“. Исто така, кај нив се забележани и физиолошки промени.
Кривова потсети дека порано јапонските научници изучувале како отсуството на магнетното поле делува врз развојот на тритоните. Резултатите од експериментите покажале дека кај нивното потомство неправилно се формирале очите и дека се појавиле двоглави примероци.
Магнетното поле на Земјата изнесува 50 микротесли што е 1000 пати по силно од магнетното поле на другите планети како Марс и Меркур.
Труханов истакна дека вселенските бродови и орбиталните станици летаат релативно на мала височина каде магнетното поле е по слабо од земното за 20 отсто, меѓутоа, во меѓу планетарните мисии космонаутите ќе се соочат со отсуство на магнетно поле. Тој потсети дека при летот на американскиот брод „Аполо-11“ на Месечината, кога бродот излегол од магнетното поле на Земјата само на неколку дена, по враќањето дошло до конфликтна ситуација меѓу членовите на екипажот.
„По приземјувањето, меѓу Нил Армстронг и другиот космонаут Едвин Олдрин, пилотот на месечевиот модул, дошло до бурни расправии. Кај Олдрин е констатиран нервен слом“, наведе Труханов.
Поради сето ова, истражувачите заклучуваат дека е неопходно да се најдат средства кои на човекот ќе му овозможат да се адаптира на ниско магнетно поле. Меѓу останатото, на вселенскиот брод може да се создаде вештачко магнетно поле.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|