
|
 |
Футурама / Наука
|
|
Мамутите ќе воскреснат?!
Истребените животни од праисторијата, како што е мамутот можеби повторно ќе зачекорат на Земјата, откако научниците успеаја да клонираат глушец од замрзнати клетки.
 Јапонските научници успеаја да направат клон од ДНК земена од глушец, кој починал пред 16 години и оттогаш па се до денеска бил чуван на температура од 20 степени под нулата.
Ваквото откритие дава надеж дека ќе може да се „воскреснат“ некои одамна изумрени животински видови, како на пример мамутот, чии остатоци се пронајдени во голема санта мраз. Досега, научниците успеале да направат клон само од жив донатор на клетки, како што беше случајот со овцата Доли.
 Досега се сметаше дека е невозможно да се направи клон од смрзнати клетки поради оштетувањата на клетките кои се последица на кристалите на мразот.
Но, јапонските научници успеале од смрзнатиот глушец да извлечат клеточни јадра од мозочното ткиво. Овие јадра потоа се инјектирани во празни јајце клетки, чија ДНК е отстранета. На овој начин создале клониран ембрион.
Матичните клетки од ембрионот се искористиле за втората тура на клонирање. Од овој генетски материјал, научниците успале да направат ембриони кои подоцна се развиле во четири клонирани глувци.
Други девет клонирани глувци се направени со мешање на клетки од различни ембриони.
 „Успеавме да покажеме дека може да се добијат здрави клонирани глувци и тоа со трансфер на нуклеусот од клетките на смрзнатите тела. Пред да започнеме да го применуваме овој метод за загрозените или истребените животински видови, ќе мора да го решиме проблемот со недостигот на соодветни јајце клетки од одредени животински видови, како и со сурогат мајките. За нашиот метод не е важно дали донаторот е жив или не“, изјави доктор Терухико Вакајама, додавајќи дека целата процедура би била многу полесна доколку би можеле да најдат и да искористат смрзнати крвни клетки.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|