Новата 2009 година ќе мора да „почека“

Новата 2009 година ќе мора да „почека“ една секунда пред и официјално да пристигне, соопштија меѓународните експерти за времето.

Според експертите, на крајот на оваа година ќе биде додадена уште една „престапна“ секунда, со цел да се постигне синхронизација на службените атомски часовници со ротацијата на Земјата.

Иако ротацијата на Земјата трае цели 24 часа, мали варијации можат да доведат до расчекор меѓу астрономското време и она што го покажуваат атомските часовници, кај кои немаат никакви отстапки.

Ова ќе биде 24-то усогласување на времето од 1972 година што го спроведува Меѓународната служба за следење на ротацијата на Земјата, со седиште во Париз. Последното усогласување беше на преминот од 2005 во 2006 година.

Со дополнителната секунда, престапната 2008 ќе биде најдолга година по 1992-та.

Историски, времето се базира на ротација на Земјата околу Сонцето. Земјата прави една ротација околу Сонцето за приближно 365,2422 дена, поради што на секоја четврта, т.н. престапна година, се додава по еден ден во февруари за да се обезбеди усогласеност на календарската со астрономската година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...