
|
 |
Футурама / Наука
|
|
Мизерната риба пред истребување
Таканаречената блобриба има повеќе од една причина да изгледа мизерно. Освен тоа што наликува на лигава маса во фаза на распаѓање, сега се соочува и со истребување.
 Според научниците постојаниот риболов, во пределот на југоисточните води на Австралија ќе предизвика целосно уништување на оваа специфична риба. Иако рибата природно живее на длабочина од 800м и ретко е видлива за обичните луѓе, зачестениот длабочински лов успеал да ја истурка на површината. Оваа риба не се јаде, но живее на иста длабочина со ракови и јастози, па често се наоѓа во мрежите на риболовците.
 Експертот и професор за мориња, Калум Робертс, предупредува дека австралиските и новозеландските флоти за ловење риба се едни од најактивните во светот, па така заканата за истребување е мошне реална.
-Постојат некои подводни ридови во областа на Јужниот океан што се ставени под заштита, но тоа се однесува на коралните гребени, а не на самата риба, потенцира тој.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|