Туристичко патување низ Вселената

Новиот комерцијален авион на пат кон Вселената (уметнички приказ)
Патувањето низ Вселената главно можевме да го искусиме преку добар научнофантастичен филм или книга. Но, сега таа возбуда и копнеж за нурнување во непознатото можат да станат наше искуство од прва рака, и тоа со до сега најдобриот комерцијален авион за вселенски патници. Доколку имаме 150 000 до 200 000 евра, се разбира. А тоа би ни го овозможил Астриум (Astrium), филијала на Европската компанија за астронаутска одбрана и вселена (European Aeronautic Defence and Space Company)

Новото, револуционерно возило за вселенски туризам беше претставено минатиот месец во Париз. Работи на млазен погод и собира четири патници, кои на висина од 100 km, горе, во Вселената, ќе ја имаат привилегијата да лебдат во бестежинска состојба повеќе од три минути. Претставена е макета во природна големина на предниот дел од леталото, кој ја вклучува и кабината, која е дизајнирана од Марк Њусон (Mark Newson).

Како изгледа патувањето?


Високоиновативна кабината од возилото, наменета за 4 патници
Се полетува на вообичаен начин од стандарден аеродром. 45 минути се кружи до висина од 12 километри, кога се исклучуваат моторите на млазен погон и се вклучува системот на ракетен погон. Авионот се движи речиси вертикално со брзина 3 пати поголема од брзината на звукот. За 80 секунди се наоѓа на висина од 60 километри, а високоиновативните седишта во кабината самите се балансираат за да се минимизираат ефектите од забрзувањето и забавувањето, со што се обезбедува најголем комфор и безбедност. Системот на ракетен погон полека се исклучува и возилото користејќи ја својата инерција се искачува на 100 километри. Е, оваа е висината на која на патниците им се овозможува да искусат нулта гравитација во Вселената. Пилотот го контролира леталото користејќи помошни мотори и патниците лебдат во бестежинска состојба 3 минути и стануваат сведоци на најспектакуларни глетки на нашата планета Земја. По забавувањето за време на спуштањето, моторите на млазен погон се рестартираат за да се слета безбедно  на нормален начин и на стандарден аеродром. Патувањето во целост трае околу час и половина.

Доколку изградбата започне во 2008 година, првиот комерцијален лет би се очекувал за 2012. Астриум предлага систем од еден степен, бидејќи се смета за најбезбеден и најекономичен за оперирање. Вакво возило, способно да функционира на висини помеѓу висината за авион (20 километри) и под таа за сателити (200 километри) може да е претходник на леталата за брз транспорт и брз пристап до Вселената, со што ни се отвораат претходно неистражени пространства, а воедно претставува и придонес кон одржувањето на европската компетенција во суштински технологии за вселенски транспорт. Астриум е лидер во глобалната индустрија за Вселената, со огромно искуство во изградбата на вселенски летала, орбитални системи, сателитски системи, боеви глави, опрема која наоѓа примена како за цивилни, така и воени цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...