Во планините на Танзанија откриен е нов вид на цицач со чуден изглед, со големина на мачка а изглед меѓу антилопа и мравојад.
Има сива глава, долга и флексибилна муцка, несмасно тело со килибарна боја, црн задник, а стои на долги тенки нозе.
„Ова е едно од моите најголеми откритија во кариерата“, изјави Гален Ратбун од калифорниската Академија на науките која помогна при утврдување на автентичноста и оригиналноста на новиот вид.
Животното се вика Сенги. Иако името се поврзува со најслични сродници, животното нема никаква сродност со тие видови.
{Д.Т}