сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Курс по астрономија
Футурама / Планета

Откриени „фабрики“ за супернови

Неодамна беа откриени две „фабрики“ за супернови - ретки јата од ѕвезди црвени суперџинови (RGS). Заедно тие содржат 40 црвени суперџинови, што е скоро 20% од сите познати црвени суперџинови во Млечниот Пат. Уште поинтересно е дека сите 40 од нив се на работ да станат супернова. Црвените суперџинови го претставуваат последниот, краток период во животот на една масивна ѕвезда, пред таа да стане супернова. Тие се многу ретки објекти, па да се најдат толку многу на едно место е навистина извонредно откритие.

Двете јата се лоцирани едно до друго на работ од една издолжена линија од ѕвезди околу галактичкииот центар. Се претпоставува дека оваа галактичка линија од ѕвезди е составена од околу 30 милиони ѕвезди, повеќето од нив стари, црвени ѕвезди, и се протега на 27 000 светлински години од крај до крај. Линијата од ѕвезди преминува преку дискот на Млечниот Пат, па поради интеракциите на линијата од ѕвезди и галактичкиот диск најверојатно се имаат формирано овие невообичаени јата.

Јатата се наоѓаат на околу 20 000 светлински години од Земјата и се оддалечени 800 светлински години едно од друго. Јатото 1 содржи 14 црвени суперџинови и старо е 12 милиони години. Јатото 2 содржи 26 црвени суперџинови и старо е 17 милиони години. Масивните ѕвезди ретко се набљудувани поради тоа што го трошат своето гориво многу брзо, а пак црвените суперџинови се уште поретки, затоа што претставуваат само еден мал дел од животниот циклус на масивните ѕвезди.

slika: RSG_cluster_2.jpg - "Јатото 2, кое што содржи 26 црвени суперџинови"

Следната супернова во едно од овие јата може да експлодира во секој момент. Проценките се дека помеѓу експлозиите во јатата поминуваат 5 000 години, а може да се видат остатоци од супернови кои се стари 5 000 години.

Овие јата за прв пат беа откриени со помош на GLIMPSE - проект за набљудување на галактичката рамнина на средни инфрацрвени бранови должини, што претставува една голема база на податоци од фотографии, направени со помош на телескопот Спицер. Јатата биле пронајдени во соѕвездието Штит (Scutum). Подоцна, со користење на телескопот Кек на Хаваите, измерено е растојанието на јатата и на секоја поединечна ѕвезда од Земјата.

Откривањето на овие јата создава голема можност да се одговорат едни од поголемите прашања во астрофизиката, како што е точниот механизам за еволуцијата на масивните ѕвезди во супернови и како галактичката линија од ѕвезди може да предизвика големи експлозии на ѕвезди во Млечниот Пат?


Наjновo од Футурама
Летачки аларм
Зошто медот се лепи на лажицата
HP 2133 XP доби цена
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
Синтетичките медикаменти го уништуваат ракот на дојката
Модерен моноцикл
Откриена е исчезнатата материја во универзумот
“Вревата“ од Земјата може да привлече непријатели
Нов вид на ѕвезда од типот “бело џуџе“
Откриена најмалата екстрасоларна планета
Прекрасна фотографија на Фобос
Судар на Меркур со Земјата???
Феникс - уште еден месец до Марс!
Откриени „фабрики“ за супернови
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи