сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
Футурама / Планета

Нов вид на ѕвезда од типот “бело џуџе“

Универзитетот од Тексас заедно со дипломираниот студент Стивен ДеГанаро го предвидеа и потврдија постоењето на нов тип на варијабилна ѕвезда, со помош на 2.1- метарскиот Otto Struve телескоп во McDonald обсерваторијата.

Наречена “пулсирачка јаглеродна џуџе ѕвезда“ ова е првата ѕвезда од ваков тип која е откриена после 25 години.

Поради тоа што мнозинството на ѕвезди, вклучувајќи го и Сонцето, ќе го завршат својот живот како “бело џуџе“, проучувањето на пулсирањата (варијации на светлински зрачења) на новооткриените примероци ќе им овозможи на астрономите да креираат нов поглед за прекинувањето на животот на повеќето ѕвезди.

Ѕвездата од типот на “бело џуџе“ е остаток од ѕвезда која комплетно го потрошила својот капацитет да зрачи топлина. Се карактеризира со голема маса (од 0.5 до 1.5 пати поголема од масата на сонцето) и со големина скоро иста со Земјата.

До скоро, се веруваше дека постојат два вида на бели џуџиња: едни со надворешна обвивка од водород (околу 80% од белите џуџиња), додека другите се со обвивка од хелиум (останатите 20%).

Минатата година, астрономите открија и трет вид на бело џуџе кој во својата обвивка немаат ниту водородна ниту хелиумова обвивка, кај кои јаглеродната маса е директно изложена.

Откако новите јаглеродни ѕвезди беа објавени, беше пресметано дека пулсирањето кај овие ѕвезди е можно.

Пулсирачките ѕвезди се од голем интерес за истражување поради тоа што промените во светлината може да открие што се случува во внатрешноста и што станало со нивниот водород и хелиум.

Младиот ДеГанаро откри ваква ѕвезда која е оддалечена околу 800 светлосни години, во соѕвездието Урса Мајор и која има варијација на светлината од околу 2% на секои 8 минути. Масата на ѕвездата е скоро иста како таа на Сонцето, но дијаметарот е помал од дијаметарот на Земјата. Таа лачи топлина од 19.500 целзиусови степени и е 1/600 помалку светла во однос на Сонцето.

Астрономите шпекулираат дека пулсирањата се причинети од промените во јаглеродната содржина на ѕвездата при нејзиното ладење. Јонизираните јаглеродни атоми во надворешната обвивка се враќаат во неутрална состојба која ги предизвикува пулсирањата.

Изучувањето на овие ѕвезди ќе фрли светлина на непознатите процеси кој ги оттргнуваат слоевите на гасови од површината на белите џуџиња.

(Б.Т)




Наjновo од Футурама
Летачки аларм
Зошто медот се лепи на лажицата
HP 2133 XP доби цена
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
Синтетичките медикаменти го уништуваат ракот на дојката
Модерен моноцикл
Откриена е исчезнатата материја во универзумот
“Вревата“ од Земјата може да привлече непријатели
Нов вид на ѕвезда од типот “бело џуџе“
Откриена најмалата екстрасоларна планета
Прекрасна фотографија на Фобос
Судар на Меркур со Земјата???
Феникс - уште еден месец до Марс!
Откриени „фабрики“ за супернови
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи