Футурама / Планета
“Вревата“ од Земјата може да привлече непријатели
“Без разлика колку ќе бидеме “тивки“, сега е касно да се спречи вонземјаните да не слушнат и да дојдат“ – вели Александар Зајцев од Институтот за радио инженерство и електроника, во Москва.
Тој ги обвинува астрономите дека во последните 40 години исфрлиле премногу микробранови за да ја означат позицијата на Земјата и да ги следат движењата на астероидите, а преку тоа ја откриле позицијата на планетата.
Тоа на некој начин ја прави Земјата ранлива во однос на вонземски напаѓачи кој ќе бидат во предност.
За споредба, Зајцев изјавува дека трансмисиите кој се испратени “на слепо“ и кој би можело да се споредат со “дерење во непозната џунгла“ се далеку “потивки“, околу 2000 пати помалку отколку микробрановите кои се користат во научни истражувања.
(Б.Т)
|