Футурама / Планета
Откриена е исчезнатата материја во универзумот
XMM-Newton, орбитирачката обсерваторија на ESA, беше искористена од тим на астрономи кој ја бараа изгубената материја низ универзумот.
Пред 10 години, истражувачите предвидоа дека половината од исчезнатата “обична“, нормална материја создадена од атоми, егзистира во форма на разреден гас кој ги пополнува просторите помеѓу галаксиите.
Имаше неколку обиди во минатото разредениот гас да биде пронајден - безуспешно. Но, преку користење на XMM-Newton, астрономите успеаа да ги откријат неговите највидливи траги.
Само 5% од нашиот универзум е создаден од “обична“ материја која е составена од протони и неутрони, и која заедно со електроните ги создава основните градбени единици на секоја позната материја.
Остатокот од универзумот е составен од неразбирлива материја (23%) и енергија (72%).
Иако ја има само 5%, “обичната“, од обичната материја се создадени сите космички тела. Но сите тие заедно прават вкупно половина од 5 процентната материја. Останатите 2,5% не се знаеше каде се наоѓаат.
Научниците предвидоа дека гасот треба да има висока темпрература и треба да емитува слаби Х-зраци. Малата сила на зраците бил единствениот проблем за неговото изнаоѓање.
Со обсерваторијата XMM-Newton беа разгледувани два галаксиони кластери, Abell 222 и Abell 223, ситуирани на одалеченост од 2.300 милиони светлосни години од Земјата.
Преку сликите и спектарот се увиде дека постои мост на врел гас помеѓу двата кластери.
Но ова е само почеток. За да се разбере дистрибуцијата на материјата во космичката мрежа потребно е многу поголемо анализирање на ваквите настани кое може да се направи со испраќање на вселенска обсерваторија.
Важно според научниците е дека гасот е откриен и дека сепак постои.
(Б.Т)
|