петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Футурама / Планета

Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур

Нов доказ сугерира дека длабоко, внатре во планетата Меркур се формира железен „снег“ кој паѓа кон средината на планетата, слично како  снегулките во нашата атмосфера.

Движењето на овој железен снег можеби е виновникот за Меркурово мистериозно магнетно поле, што е потврдено преку еспериментирање во симулирани услови на планетата.

Меркур е планета која се наоѓа највнатре во сончевиот систем и која е единствена, покрај Земјата, која поседува глобално магнетно поле и кое е околу 100-тина пати помало од тоа на Земјата.

Направено најмногу од железо, јадрото на Меркур содржи и сулфур кој ја намалува точката на топење на железото и кој игра важна улога во креирањето на магнетното поле.

Според мерењата направени во блиско време, јадрото на планетата покажало карпесто одронување, што укажува дека тоа во основата е делумно стопено. Но, без сеизмолошки анализи, оваа појава не може многу да се анализира.

За подобри резултати истражувачите користеле апарати за проучување на однесувањето на планетата при топење на железото и сулфурот под силни притисоци и температури.

При одредена температура и притисок, парче од масата беше оладена и преполовена на 2 дела кој понатаму беа анализирани на електронски микроскоп и сонда за микроанализи.

Брзото ладење на примерокот води до зачувување на текстурата која ја открива сепарацијата на цврсти и течни елементи и сулфурот.

Како што се лади железото, неговите атоми се кондензираат во коцки како снегулки кои се движат кон центарот на планетата. Движењата на железото надолу кон центарот, и паралелното испливување на сулгурната маса нагоре, прават движење кое креира магнетно поле со мала сила.

(Б.Т)




Наjновo од Футурама
Фенси струјна раздвојница
Робот диригент
Би-капак тегла
НАСА повторно на Марс
Докази зa ледени периоди на Марс
LCD TV со Web-Browser
Опасностите од космичките зрачења под детална истрага
Црна дупка во центарот на Омега Кентаури
Атмосферските бранови на Сатурн - разоткриени
Збунувачка бура на Венера
Се заканува опасност од вселената
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
Откриена е исчезнатата материја во универзумот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи