понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Футурама / Планета

Збунувачка бура на Венера

Јужниот пол на Венера е изненадувачки променлив. Една огромна структура, чиј централен дел личи на око на ураган, менува форми од ден во ден. Окото на ураганот е во центарот на виор широк 2 000 km, откриен во 1974 година од леталото Маринер 10. Слична структура постои и на северниот пол од планетата, која е набљудувана од мисијата Пионер Венус (Pioneer Venus) во 1979.

"Око на ураган на јужниот пол на Венера"

На сликата се гледа регион од атмосферата на Венера 60 километри над површината, на бранова должина од 5 микрометри. Виорот има форма на око, меѓутоа неговата форма брзо се менува во период од 24 часа. Жолтата точка го покажува местото на јужниот пол.

Структурата на виорот е проучувана во термалниот инфрацрвен дел на спектарот - опсег на бранова должина кој ја открива температурата во горните слоеви на облаците. Гледано на ваква бранова должина, јадрото на виорот изгледа многу светло, што веројатно укажува на тоа дека многу атмосферски гасови се движат надолу во регионот, што создава низок воздушен притисок во горните слоеви на облаците, со што регионот станува пожежок.

Во јуни 2006 виорот имал форма на песочен часовник, што речиси се поклопувало со набљудувањата на северниот поларен регион, извршени од Пионер Венус. Сега се знае дека ја менува својата форма од ден во ден. Сè уште не е утврдено што всушност го создава овој виор. Едно од објаснувањата е дека атмосферските гасови на екваторот, загреани од Сонцето, се креваат и се движат кон половите. Таму се спојуваат и пак се спуштаат. На нивниот пат кон половите скршнуваат настрана поради ротацијата на планетата. Динамичната природа на виорот е слична со однесувањето на виорите на Земјата, вклучувајќи ги тие набљудувани во центарот на ураганите.


Наjновo од Футурама
Вонземјаните не се во спротивност со христијанството
Аутизамот и музиката
Информацијата може да помине низ црната дупка
Samsung F400, дуал слајд – музички телефон
Samsung OLED лаптоп
Робот диригент
Фенси струјна раздвојница
НАСА повторно на Марс
Докази зa ледени периоди на Марс
Опасностите од космичките зрачења под детална истрага
Црна дупка во центарот на Омега Кентаури
Атмосферските бранови на Сатурн - разоткриени
Збунувачка бура на Венера
Се заканува опасност од вселената
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи