понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Футурама / Планета

Руски научник за заштитата на нашата планета од астероиди
Се заканува опасност од вселената

За заштита на Земјата од астероиди, неопходна е изградба на вселенска станица за набљудување на далечната вселена, смета рускиот научник Анатолиј Зајцев. - Со заеднички сили против опасноста од вселената

Со цел жителите на нашата планета навремено да добијат информации за астероидите кои би можеле да ги загрозат, и за да можат да преземат мерки за заштита и да избегне евентуален судар на Земјата со небесни тела, потребно е да се изгради вселенска станица за набљудување на далечната вселена, изјави во Москва Анатолиј Зајцев, директор на Центарот за планетарна заштита од астероиди.

Во Русија веќе се разработени неколку варијанти на ваква станица во кои учествуваа Центарот за планетарна заштита, машинскиот Институт и низа научни одделенија. Според изјавата на рускиот научник, надлежните често не се свесни колку земјата е незаштитена од заскитаните небесни тела. Зајцев потсети дека Центарот за планетарна заштита е „подготвен во текот на пет до седум години, со политичка волја на ‘вселенските држави’, да го реализира системот на планетарна заштита на Земјата од астероиди“ - систем кој веќе го доби името „Цитадела“.

Според него, летечките небесни тела, меѓу кои беше астероидот кој во јануари оваа година се движеше кон Марс, треба да бидат сигнал за жителите на Земјата дека треба да се обединат меѓународните сили во изградба на систем за планетарна заштита од астероиди.

Според претходна изјава на шефот на руската селенска агенција „Роскосмос“, Анатолиј Перминов, „Роскосмос“ подготви предлог за реализација на вселенската дејност на Русија до 2040 година, кој вклучува предлог за изградба на систем за безбедност на Земјата од астероиди по 2026 година. Според оценката на Зајцев, Русија од различни причини сега не располага со современи надземни средства за контрола на далечната вселена.

- Многу објекти од оваа инфраструктура се од времето на Советскит Сојуз и сега се наоѓаат во други земји, одвоени од СССР, рече Зајцев, додавајќи дека тоа што останало нема големи можности затоа што се наоѓаат на места со слаба астроклима.

- Некои астероиди можно е да се набљудуваат само од Јужниот пол, рече Зајцев, кој смета дека за тоа е неопходна широка соработка на меѓународната заедница.

Иако Русија во Таџикистан располага со радиолокаторски комплекс под името „Око“ (кој ги идентификува објектите и преку комплексот за електронско набљудување на вселенското пространство), сето ова не е доволно, вели Зајцев. Овие средства имаат моќ за идентификација на растојание до 40.000 километри од Земјата. Тие можат да воочат опасен астероид од 10 до 60 минути до неговото влегување во атмосферата, што не овозможува спречување на опасност, истакна Зајцев.

Специјалистите на меѓудржавната акционерска корпорација „Вимел“ веќе предложија варијанти на доизградба на постоечките системи, кои до конечниот договор би овозможиле истражувања во далечната вселена.


Наjновo од Футурама
Вонземјаните не се во спротивност со христијанството
Аутизамот и музиката
Информацијата може да помине низ црната дупка
Samsung F400, дуал слајд – музички телефон
Samsung OLED лаптоп
Робот диригент
Фенси струјна раздвојница
НАСА повторно на Марс
Докази зa ледени периоди на Марс
Опасностите од космичките зрачења под детална истрага
Црна дупка во центарот на Омега Кентаури
Атмосферските бранови на Сатурн - разоткриени
Збунувачка бура на Венера
Се заканува опасност од вселената
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи