Футурама / Планета
Атмосферските бранови на Сатурн - разоткриени
Планетата Сатурн сама прави бранови во својата атмосфера, но ваквата појава е видлива само еднаш во 15-тина години.
Две декади се потрошени на набљудување на планетата од Земјата и вселената, кое ја оправда целта кога научниците открија брановиден циклус кој е сличен со тој на Земјата.
Според нив, ова е последниот дел за спојување на т.н. сложувалка од информации за Сатурновите необјасливи движења.
Брановидното движење се појавува во определена шема на северната атмосфера поради судири на различни температури при различни височини. Променливите температури го принудуваат ветерот да се движи напред, назад од исток кон запад, предизвикувајќи го целиот регион да се движи како бран.
Инфра-црвените слики од НАСА им дозволија на научниците да ги споредат сличностите на атмосферските движења на Земјата и Јупитер. Земјините воздушни бранувања се појавуваат на околу 2 години, Јупитеровите на над 4 години, но промените во Сатурн може да се случат преку подолг период, дури и до 30 години (една Сатурнова година).
Интересно на сликите е што се гледа дека Сатурновиот еквадор се менува наизменично од топол во ладен. Температурите на двете страни на еквадорот, исто така, се менуваат на секоја половина од Сатурновата година (15 Земјини години).
(Б.Т)
|