понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Футурама / Планета

Црна дупка во центарот на Омега Кентаури

Омега Кентаури е доста невообичаена. Отпрвин беше класификувана како ѕвезда, потоа како маглина, па како затворено јато, а сега се мисли дека е џуџеста галаксија на која и недостасуваат периферните ѕвезди. Зошто толкава збрка? Како може да се објасни оваа чудна галаксија? Новите истражувања укажуваат на тоа дека во нејзината внатрешност има црна дупка со средна големина, со што им на астрономите им се дава најдобрата идеја за тоа од каде потекнуваат супермасивните црни дупки. Омега Кентаури може да крие една од најдлабоките тајни, за тоа како настануваат најголемите објекти во видливиот универзум.

Пред две илјади години, Омега Кентаури од страна на Птоломеј била класификувана како една единствена ѕвезда. Едмонд Халеј ја проучил оваа ѕвезда и заклучи дека изгледа премногу дифузно, па ја прекласификувал во маглина во 1677 година. Потоа, во 1830, Џон Хершел сфатил дека оваа „маглина“ е всушност затворено јато. Но сега, новите набљудувања од вселенскиот телескоп Хабл откриваат дека ова затворено јато не е она што се чини... тоа е всушност џуџеста галаксија, од која се откинати периферните ѕвезди, на оддалеченост од околу 17 000 светлински години.

Па, што е тоа што ги наведе астрономите да мислат дека има нешто чудно во врска со оваа космичка колекција на ѕвезди? Таа ротира побрзо од останатите затворени јата, невообичаено е рамна и содржи ѕвезди од многу генерации (затворените јата обично содржат ѕвезди од една генерација). Овие причини, плус фактот дека Омега Кентаури е десет пати поголема од најголемите затворени јата, ги наведе научниците да мислат дека ова не е обична галаксија.

Главната теорија е дека можеби оваа несреќна галаксија во далечното минато се има судрено со Млечниот Пат во, при што ги исфрлила сите периферни ѕвезди. Но, зошто ротира толку брзо, особено во центарот?

Новите фотографии се сликани со помош на вселенскиот телескоп Хабл, кој продолжува да прави одлични фотографии и по 18 години во орбита. По комбинирање со набљудувања од Земјата, направени од страна на телескопот Џемини (Gemini South) во Чиле, астрономите можеле да заклучат дека во суштината на многуте аномалии забележани во Омега Кентаури може да лежи црна дупка.

Истражувањата изведени на Институтот „Макс Планк“ во Германија, покажува дека ѕвездите близу до центарот на Омега Кентаури орбитираат доста брзо околу нешто. Всушност, ова нешто е невидливо со причина. Со пресметувањето на масата на овој невидлив објект, многу е веројатно дека се работи за црна дупка со средна големина од 40 000 сончеви маси.

Тие ги истражиле и другите можности: дека ѕвездите што брзо орбитираат може да се забрзани од колективната маса на мали тела кои зрачат слабо како бели џуџиња, или дека ѕвездите имаат високо елиптични орбити и дека моментално се набљудува точката на најблизок пристап, оддавајќи впечаток дека се движат побрзо. Сепак, теоријата за црна дупка со средна големина изгледа дека се вклопува во целата ситуација многу подобро.

Ова е откритие со големо значење, бидејќи досега постои мала поврзаност помеќу малите, ѕвездени црни дупки и супермасивните, кои седат во центарот на голема галаксии како нашата. Постојат многу теории за тоа како се формирале овие огромни црни дупки, но откривањето на црна дупка со средна големина може да биде врската што недостасува, а која ќе им помогне на астрофизичарите да разберат како се создаваат супермасивни црни дупки.


Наjновo од Футурама
Вонземјаните не се во спротивност со христијанството
Аутизамот и музиката
Информацијата може да помине низ црната дупка
Samsung F400, дуал слајд – музички телефон
Samsung OLED лаптоп
Робот диригент
Фенси струјна раздвојница
НАСА повторно на Марс
Докази зa ледени периоди на Марс
Опасностите од космичките зрачења под детална истрага
Црна дупка во центарот на Омега Кентаури
Атмосферските бранови на Сатурн - разоткриени
Збунувачка бура на Венера
Се заканува опасност од вселената
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи