
|
 |
Футурама / Планета
Докази зa ледени периоди на Марс
На Марс често се гледа како на планета која поминувала низ големи климатски активности во минатото, со изобилство на течна вода на нејзината површина, и се претпоставува дека тоа било пред околу 3,5 милијарди години. Некаде во тој период климата на Марс доживеала пресвртница, постепено создавајќи ја денешната слика на планетата. Но, новите снимки направени од леталото MRO (Mars Reconnaissance Orbiter) откриваат дека климата на Марс по сè изгледа била активна многу подолго од што претходно се мислеше, и дека сето тоа се случувало многу поскоро (во астрономска смисла) од претпоставките, односно пред околу 100, а можеби и 10 милиони години.
Анализите на фотографиите со висока резолуција од MRO покажуваат дека областите околу екваторот на Марс веројатно имале пловни глечери и блокови мраз со дебелина од 1 до 2,5 километри, што може да даде одговор на прашањето дали Марс поддржувал или може да поддржи живот во иднина.
Според планетарните геолози Џејмс Хед и Дејвид Марчант (James Head; David Marchant) од Бостонскиот Универзитет, Марс можеби поминувал низ повеќекратни ледени доба во кои екваторските појаси на планетата биле прекриени со лед и глечери како последица на климатските промени, а тоа предизвикало промена на концентрацијата на сончевите зераци во некои области на Црвената Планета.
Областа која ја проучувале истражувачите е кањонски предел, кој се наоѓа во централниот појас на планетата, во кој доминираат големи, масиви и стрмни долини, и е познат под називот Protonilus Mensae-Coloe Foassae. Овој предел има карактеристики и особини слични на оние кои се создаваат на нашата планета при лизгање и миграција на глечерите, но со една нејасна и збунувачка разлика. Карпестите блокови покажуваат дека глечерите и ледот наместо да се лизгале надолу, тие како да се движеле во спротивна насока, што се разбира е невозможно и тешко да се објасни.
Но, научниците веруваат дека пронашле докази дека ледот во околните области можеби пораснал, односно се издигнал значително повисоко од самите ѕидови на кањонот, и потоа се прелеал преку кањонот. За ова да е така, ледениот блок би требало да достигне дебелина од најмалку еден километар, а најверојатно до 2,5 километри. Можно е дебелината на мразот да ги пореметила водените површини и токови на планетата, што можеби имало значителни импликации за потенцијалните услови за живот на планетата, иако широко се верува дека климата на Марс е водена од сублимациски процеси.
Како и да е, истражувачите најдоа докази за најмалку два глечерски периоди, кои се случиле релативно неодамна, што значи дека климата на Марс веројатно минувала низ повеќе ледени доба.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|