понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Футурама / Планета

Опасностите од космичките зрачења под детална истрага

Вселената воопшто не е безбедно место и е најопасната околина за луѓето. Суровите услови кои владеат таму, како што се вакумот, температури приближни на апсолутната нула, ултрабрзите микрочестички кои можат да пенетрираат низ скафандерите и кожата на астронаутите, и сите видови на радиоактивно зрачење, се во огромна мера непријателски по човекот и неговата безбедност.

Додека вакумот и ниските температури се добро проучувани и разбрани, ефектите од радијациските космички зрачења по здравјето на луѓето не се во целост познати. Европската вселенска агенција (ESA) е загрижена за астронаутите и опасностите на кои се изложуваат тие додека поминуваат време во Вселената. Поради тоа, тие го одбраа Германскиот истражувачкиот центар GSI како место за тестирање и истражување на ефектите од најразлични видови зрачење врз човечкото ткиво, со цел да се преиспитаат идните мисии и престои во Вселената, за да можат да се спречат какви било несакани последици и опасности кон луѓето. Ова уште повеќе добива во значење ако се земе предвид дека ерата на вселенскиот туризам и комерцијалното патување до Вселената полека станува реалност.

Штом вселенските патници ќе ја напуштат атмосферата на Земјата, тие се подложени на сите видови космички зрачења од сите страни на Универзумот. Радијацијата е добро позната како канцероген фактор и може многу лесно да ги убие живите клетки во организмот, доведувајќи до сериозни оштетувања и болести на виталните органи. Затоа, од суштинско значење е што повеќе да се научи за проблемот со космичката радијација и да им се овозможи на научниците и инженерите да изградат побезбедни вселенски одела и летала.

Експериментите најверојатно ќе започнат оваа година во објектите на GSI центарот, каде со помош на новиот FAIR јонски акцелератор ќе се создаваат зрачења со голем интензитет, овозможувајќи им на научниците поголеми истражувачки можности.


Наjновo од Футурама
Вонземјаните не се во спротивност со христијанството
Аутизамот и музиката
Информацијата може да помине низ црната дупка
Samsung F400, дуал слајд – музички телефон
Samsung OLED лаптоп
Робот диригент
Фенси струјна раздвојница
НАСА повторно на Марс
Докази зa ледени периоди на Марс
Опасностите од космичките зрачења под детална истрага
Црна дупка во центарот на Омега Кентаури
Атмосферските бранови на Сатурн - разоткриени
Збунувачка бура на Венера
Се заканува опасност од вселената
Железен “снег“ прави магнетното поле на Меркур
Успешната мисија на Касини доби продолжувањe
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи