Футурама / Планета
НАСА повторно на Марс

Phoenix Lander ќе ја допре површината на Марс на 25 мај. Таму ќе изврши дупчења на површината со цел да најде остатоци од живот како и, за прв пат досега, да пронајде вода (во форма на подземен мраз).
Технологијата која ќе ја користи Mars Lander ќе се базира на синтеза на постари технологии користени во неколку предходни истражувања, нормално, со мали модификации.
Слетувањето на површината ќе биде направено преку ногарки за слетување, наместо како почетите слетувања во воздушни балони.
Позицијата на слетување овојпат ќе биде најблиску до север, во однос на предходните слетувања (споредбено со Земјата, Mars Lander ќе слета во областа на Северна Канада).
Причината за тамошното слетување е застапеноста на мраз која изнесува 30-60% од површината.
Со помош на 2-метарската дупчалка ќе бидат земени примероци и ќе бидат складирани во контејнер кој потоа ќе се пратат на истражување. Анализите ќе ја покажат хемиската и минералната содржина на материјалот.
Исто така, ќе се утврди дали Марс порано нудел услови на живот преку потопла клима и широки водени пространства.
Другата цел на мисијата е да се утврди дали системот на слетување, кој последен пат беше користен во 1970-тите, ќе функционира без проблеми.
Ако тоа се потврди, претставниците од НАСА веднаш ќе најават нови, поголеми мисии на планетата.
(Б.Т)
|