Футурама / Планета
Пронајдени млади галаксии на работ од Вселената
Вселенскиот телескоп Хабл (HST) по кој знае кој пат повторно ги изненади научниците со своите фотографии. Хабл снимил млади и компактни галаксии, одалечени 11 милијарди светлински години. Овие новооткриени галаксии имаат маса од околу 200 милијарди Сончеви маси, но нивната големина е само околу 5 000 светлински години во дијаметар, иако се очекувало тие да бидат многу поголеми, т.е. околу 100 000 светлински години. Така барем предвидувале важечките теориски модели за создавањето на галаксиите.
 "Споредба на димензиите на Млечниот Пат и новооткриените компактни галаксии"
Единствено објаснување е дека тие галакии биле во некаква интеракција со темната материја и затоа останале така мали. Но, засега малку се знае за овие галаксии и останува на научниците понатаму со подетални истражувања да дојдат до подобри теории.
Инаку, само три телескопи денес се во можност да ги забележат и научно да ги снимат овие галаксии, а тоа се Хабл во вселената, и Кек и VLT на Земјата. Во текот на оваа година, НАСА планира да го ремонтира Хабл, на кој ќе биде вградена нова камера со која научниците ќе имат можност да видат што се случува на самиот раб од познатата вселена.
|