среда, 18.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Планета

За првпат набљудувано раѓање на супернова

„Среќна случајност“ - вака го опишуваат откритието научниците кои работеле со сателитот Свифт (SWIFT) на НАСА, на 9 јануари оваа година. Се нашле на вистинското место, во вистинското време, со вистинскиот телескоп крај себе и сателит насочен кон галаксиајта NGC 2770, за да се набљудува веќе претходно откриена супернова, SN 2007uy. Резултатот е засведочување на историјата - набљудување на емитирање на рентген зраци од супернова, оддалечена 90 милиони светлински години од Земјата, во соѕвездието Рис (Lynx).

- "Суперновата SN 2007uy во галаксијата NGC 2770, пред да експлодира SN 2008D, снимена од сателитот Свифт. Сликата лево е во спектарот на рентген зраците, а таа десно е во видлива светлина."

Вакви експлозии не се многу чести - се случуваат еднаш во 200 години. Откритието, кое минатата недела е детално објавено во списанието „Нејчр“ (Nature), ќе фрли светло врз раните фази на ваквата силна смрт на ѕвездите и ќе биде дешифрирачки клуч за проучувањата на суперновите. Анализата на енергијата ослободена од новата супернова, именува SN 2008D, може да биде од помош за подобро разбирање на експлозивните процеси и карактеристиките на ѕвездите кои доведуваат до тоа.


"На 9 јануари Свифт фати емитување на рентген зраци од ѕвезда која експлодира. По неколку дена SN 2008D се појави во видлива светлина."

Типична супернова се случува кога јадрото на една масивна ѕвезда ќе го потроши своето гориво и колабира поради својата гравитација, при што се формира многу густ објект, познат како неутронска ѕвезда. Новосоздадената неутронска ѕвезда пулсира, создавајќи ударен бран, кој се пробива низ надворешните гасовити слоеви, со што ѕвездата комплетно се уништува.

Пред децении предвидено е дека оваа фаза на пробивање ќе резултира во излив на рентген зраци, кој ќе трае неколку минути, но досега никој го немаше набљудувано сигналот. Суперновите беа откривани кога ќе блеснеа на небото, по неколку денови или недели од нивната првична експлозија. Но, сега, користејќи ги најмоќните радио, оптички и телескопи кои работат во спектарот на рентген зраците, како на Земјата, така и во Вселената, можеше да се набљудува еволуцијата на експлозијата, токму од самиот почеток. Со тоа се потврди дека големиот излив на рентген зраци го означува раѓањето на супернова.

По набљудувањето на овој излив, се спроведе меѓународна кампања за набљудување, во која учествуваа најголемите телескопи со кои располагаме, во текот на речиси 109 дена по експлозијата. Ваквите комбинирани набљудувања овозможија да се испита енергијата на иницијалниот излив на рентген зраци и да се утврди дека станува збор за типична супернова од типот Ibc, која настанува при експлозија на масивна, компактна ѕвезда.

Набљудувањата овозможуваат подлабок поглед во раните фази на суперновите, а првиот случај на фаќање на знак од спектарот на рентген зраците ќе помогне во пополнување на празнините за карактеристиките на масивните ѕвезди, раѓањето на неутронските ѕвезди и црните јами, како и влијанието на суперновите врз околината. Проучувањата, исто така, ќе овозможат да се шпионираат други новородени супернови и да се пресмета нивното време на експлозија со точност до неколку секунди, наместо неколку дена, како во претходните пресметки на времето. Сега веќе се знае каква шема на рентген зраци да се бара, што ги подгрева надежите за пронаоѓање на уште повеќе супернови во критичкиот момент.




Наjновo од Футурама
Робот за осамени мажи
Освежете го изгледот на вашиот Windows XP
За првпат набљудувано раѓање на супернова
Шимпанзата се смируваат меѓу себе со прегратки и бакнежи
Неуништлив мобилен - Motorola MC75
Топењето на мразот на Арктикот ги тера поларните мечки кон Исланд
Mozilla спремна за војна со Firefox 3
Чуден пулсар ги зачудува научниците
Утешна награда за екс-планетата Плутон
Пронајдени млади галаксии на работ од Вселената
Млади галаксии полни со ѕвезди
Откриен најголемиот дијамант во универзумот
Мамутска ѕвездена експлозија
Moonstream Mars ровер
НАСА планира нова амбициозна соларна мисија
Откриена најмала екстра соларна планета
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи