
|
 |
Футурама / Планета
НАСА лансираше нов вселенски телескоп
Новиот телескоп на НАСА, ГЛАСТ (GLAST), успешно беше лансиран во Вселената на 10 јуни, со помош на Делта II ракета (Delta II), од космодромот Кејп Канаверал на Флорида. Контролорите на летот биле загрижени за можна појава на грмотевици и невреме во областа, но облаците издржале доволно долго за успешно и мирно лансирање.
ГЛАСТ (GLAST - Gamma-ray Large Area Space Telescope), чие лансирање подлежеше на неколку одложувања, ќе им помогне на научниците во мерењето на енергијата на гама зраците и ќе прави фотографии со високи резолуции. НАСА, исто така, очекува ГЛАСТ да помогне во проучувањето на темната материја, која научниците веруваат дека е застапена со околу 25% од вкупната материја во Вселената. Телескопот, исто така, ќе бара илјадници извори на гама зрачење низ најразлични галаксии.
За овој проект е задолжен Одделот за Енергија на САД, со помош на бројни истражувачи од САД, Јапонија, Шведска, Италија, Германија и Франција.
„По 60 дена проверки и период на калибрирање, конечно започнуваме со научните операции. ГЛАСТ наскоро ќе започне да ни дава информации за многу нови објекти, кои ќе треба да се проучат, и овие информации ќе бидат достапни на интернет, за да може светот да ги погледне“ - вели еден од научниците кои работат на проектот.
690 милиони долари скапиот телескоп оригинално беше предвиден за лансирање на 16 мај, но тоа неколкупати беше одложувано затоа што беше потребно повеќе време за завршување на конструкцијата и отстранување на некои проблеми со ракетата Делта II.
ГЛАСТ ќе орбитира на височина од 560 километри над Земјата, и 25,6° инклинација во однос на екваторот. Инженерите очекуваат телескопот да биде функционален минимално 10 години.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|