вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Футурама / Планета

Венус Експрес најде хидроксил на Венера

Европската сонда Венус Експрес (Venus Express) откри молекул на хидроксил за прв пат на друга планета. Ова откритие им даде на научниците важен инструмент околу откривањето на начинот на кој функционира густата атмосфера на Венера. Хидроксилот (ОН) е молекул составена од еден атом на водород и еден на кислород, поврзани со ковалентна врска, и е многу тежок за откривање. Откриен е во високиот предел од атмосферата, на околу 100 километри од површината, со помош на инструментот ВИРТИС (VIRTIS - Visible and Infrared Thermal Imaging Spectrometer на Венус Експрес), кој се наоѓа на сондата. Пределот од атмосферата каде што бил најден молекулот се простира само 10 километри, но набљудувајќи го работ од планетата инструментите на сондата успеале да го зголемат сигналот за околу 50 пати.

Се смета дека хидроксилот е важен молекул за секоја атмосфера, поради својата висока реактивност (бидејќи е радикал). На Земјата има клучна улога во отстранувањето на загадувачите во атмосферата и се смета дека служи за стабилизација на јаглерод диоксид во атмосферата на Марс, недозволувајќи да се конвертира во јаглерод моноксид. Исто така, на Марс, се смета дека хидроксилот игра важна улога во стерилизацијата на површината, така што ја прави непријателска за живот на микроорганизмите. Хидроксилот е најден во близина на комети, иако се смета дека процесот на формирање на молекулот во вакви средини е многу различен од оној во планетарните атмосфери.


"Приказот покажува каде е најден хидроксилот во атмосферта на Венера."

„Со оглед на тоа дека атмосферата на Венера не била проучувана толку детално пред доаѓањето на Венус Експрес, не бевме во ситуација да потврдиме она што го предвидуваа нашите модели со помош на директно набљудување на она што се случува моментално во атмосферата на Венера. Ова откритие ќе ни помогне да ги усовршиме нашите модели.“ - така објасни Џузепе Пичони (Giuseppe Piccioni), еден од главните научници што го следат експериментот ВИРТИС, од Институтот за вселенска астрофизика и космичка физика од Рим (Istituto di Astrofisica Spaziale e Fisica Cosmica).

На Земјата, присуството на хидроксил се покажа дека е тесно поврзано со изобилството на озонот. Ова откритие се смета дека важи и за атмосферата на Венера. Сега научниците можат да го предвидат количеството на озон присутен во атмосферата на Венера. Венус Експрес покажа дека количеството на хидроксил на Венера е екстремно варијабилен. Може да варира и до 50% од една орбита до друга, поради различното изобилие на атмосферскиот озон.
„Озонот е многу важна молекула за секоја атмосфера, поради фактот дека е одличен штит од УВ радијацијата која доаѓа од Сонцето“ - потврдува Пичони. Количеството на апсорбирана радијација е клучен параметар, кој го води затоплувањето и атмосферските динамики на една планета. „Венус Експрес покажа дека Венера е послична на Земјата од она што се верува. Пронаоѓањето на хидроксилот направи голем чекор во зближувањето на овие две планети“ - заклучи Пичони.




Наjновo од Футурама
Наскоро Windows Cloud
Астрероид влезе во земјината атмосфера
Регистрирано движење на Марс
Samsung Night Effect
„Полесно е да се лаже на и-мejл“
Телефон - проектор?!
Објавена нова верзија на веб страната Macedonia loves you
Бројот на ѕвездите во Вселената е уште поголем
Европа се затоплува побрзо од останатиот свет
Колку се опасни заканите од астероиди
Живот на Марс
Судир на две планети?!
Колку се стари прстените на Сатрун
Русин по душа
НАСА се подготвува за истражување на атмосферата на Марс
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи