недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Изложба
Футурама / Планета

Најголемиот телескоп ќе биде надвор од овој свет

Телескоп на далечната страна на Месечината ќе гледа во „мрачното доба“ на Вселената, истовремено блокирајќи го фонот од радио брановите на цивилизацијата на Земјата. Дури и до сто илјади антени ќе го сочинуваат Месечевиот интерферометер на мрачното доба (Dark Ages Lunar Interferometer - DALI), најголемиот телескоп изграден досега, кој ќе им овозможи на астрономите да чујат слаби сигнали од времето кога ѕвездите не постоеле.

"Најголемиот телескоп"
Телескопот ќе гледа на едно од најфундаменталните прашања, во времето кога Вселената се состоела речиси целосно од водород и хелиум - без ѕвезди и галаксии.

Така нареченото мрачно доба на астрономијата опишува период од половина милијарда години по Големиот Прскот, кога облаци од јонизиран гас се ладеле како што се ширела Вселената. Единствениот слаб фон потекнува од атомите на водородот додека ротираат, при што се оддаваат сигнали на радио бранови, кои астрономите сега можат да ги забележат. Научниците моментално проценуваат дека Универзумот е стар 13,7 милијарда години.

Заради тековната експанзија на Вселената, водородниот спектар се има истегнато или поместено кон црвениот дел, од само 21 сантиметри на неколку метри. Ова значи дека сигналите лесно може да се прекријат од погласните трансмисии од Земјата на иста бранова должина, освен ако астрономите не најдат потивко место за слушање. Темната страна на Месечината е единственото место во локалната Вселена затскриено од човечките трансмисиони сигнали.

Дизајнот на DALI личи на постојната низа на радио телескопи во Холандија, Австралија и Ново Мексико. Но, праќањето на таква низа на Месечината бара полесни материјали, со кои би се заштедило на трошоците за лансирање.

Еден кандидат е полиамидот, пластична превлака која може да служи како антена кога е обложена со метал. Истражувачите од Универзитетот во Колорадо ја испитуваат трајноста на превлаката со тоа што ја изложуваат на силни ултравиолетови зраци, како и на екстремни температури како оние на кои што врие водата и супер студениот течен азот.

Антените би биле завиткани и потоа би се одвиткале на површина од 48 километри на површината на Месечината, наредени во илјада станици од кои секоја содржи по сто антени. Сепак, останува предизвикот да се однесе целиот тој товар до Месечината.

Истражувањето на мрачното доба претставува можност да се види како еволуирала младата Вселена. Исто како што моменталните космолошки студии нè фасцинираат и нè изненадуваат, се претпоставува дека и DALI ќе доведе до зголемено разбирање за Вселената со неочекувани откритија.


Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
Астронаутите ќе пијат вода направена од нивната урина
Откриени високо енергетски емисии од маглината Рак
Снимени четири новооткриени планети
Fermi го откри првиот пулсар кој зрачи само гама зраци
Заврши мисијата на сондата Феникс на Марс
Аномалиите при прелетите можеби се разоткриени
Луѓето се виновни за затоплувањето
Вулкански активности на Меркур
Во соѕвездието на Вулканците можеби постои живот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи