
|
 |
Футурама / Планета
Ласер за пронаоѓање на далечни планети
Истражувачите измислија ласер кој има рекордна комбинација на брзи и кратки пулсеви со висока моќ. Ласерот се планира да се користи во астрономијата и треба да им помогне на научниците во пронаоѓање на екстрасоларни планети со приближна големина на Земјата.
Научниците од Универзитетот Констанц во Германија и Националниот институт за стандарди и технологија во САД (NIST) велат дека новиот ласер може да ја зголеми чувствителноста на астрономските инструменти за барање на планетите за околу 100 пати.
И покрај ваквите рекордни карактеристики на ласерот, всушност, се работи за мал ласер, кој е способен за генерирање на серија од 10 милијарди пулсеви во секунда, со времетраење на секој пулс од 40 билијарда делови од секундата. Просечната моќ на секој пулс е 650 mW. Истражувачите, исто така, велат дека ласерот произведува 10 пати повеќе пулсеви од стандардниот NIST филтер и е 100 до 1000 пати помоќен од типичните високо-брзински ласери.
За да се пронајдат планети кои кружат околу далечните ѕвезди, научниците ги користат периодичните варијации на светлината и бојата на ѕвездите. Овие варијации се предизвикани од планета, која орбитирајќи поминува пред ѕвездата во однос на позицијата на Земјата и со тоа за многу мала вредност го менува интензитетот на нејзината светлина. Моменталните филтри за чувствителност можат да детектираат колебање предизвикано од гасовити џиновски планети, од типот на Јупитер, и поголеми. Со новиот ласер чувствителноста ќе се зголеми многу повеќе, а со тоа ќе се овозможи детектирање на многу помали планети, слични на Земјата.
Потенцијалот на ласерот не е само во астрономските истражувања. Научниците велат дека тој, исто така, може да се користи како далечински сензор за гасови во медицинските или атмосферските проучувања и мерења, како и за директен мониторинг и прецизна контрола на високо-брзинските оптички комуникации.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|