
|
 |
Футурама / Планета
Од каде потекнуваат метеоритите
Метеоритите се најголемиот доказ за откривање на историјата на соларниот систем. Со помош на нивниот состав, може да се добијат податоци за минатите геолошки промени кои се случиле додека тие се уште биле инкорпорирани во родителскиот астероид.
Повеќето од метеоритите кои се најдени на Земјата, потекнуваат од главниот астероиден појас лоциран помеѓу Марс и Јупитер. Тие се одвоиле од астероидот- родител после судир, се вметнале во друга орбита и паднале на Земјата.
Една од суштинските потешкотии е дека не се знае точно од кој дел на астероидниот појас се примероците на метеорити. Многу години, астрономите не успевале да го откријат родителскиот астероид на заедничките метеорити, и обичните кондрити ( вид на камени метеорити) кои претставуваат 75% од паднатите метеорити.
Astronomy & Astrophysics го објавува првото истражување на Т.Моте-Диниз (Бразил) и Д.Несворни (САД), за астероиди со спектар сличен на оној на кондритите, метеорски состав кој наликува на композицијата на Сонцето. Тие ја вршеа опсервацијата со помош на GEMINI телескопи, еден лоциран на Хаваи, а другиот во Чиле.
За да се открие поврзаноста меѓу одреден астероид и метеоритите, астрономите мора да го споредат нивниот состав. Ова е тешка задача затоа што метеоритите и нивните родителски астероиди после одвојувањето, поминале низ различни модификации.
Познато е дека површината на астероидите се менува под влијание на т.н. "вселенско наводнување", кое најверојатно е предизвикано од микрометеорити и соларен ветер кои прогресивно го трансформираат спектарот на површината на астероидот. Поради тоа, својствата на астероидот се разликуваат од оние на метеоритите, што ги прави потешки за идентификација на потеклото.
Атероидите се распаѓаат на помали делови како резултат на силен удар. Тие понатаму продолжуваат да кружат околу истата орбита како примарниот астероид и ги сочинуваат т.н. "астероидни фамилии."
Многу од познатите астероидни фамилии се со старост од 100 милиони до милијарди години. Помладите фамилии се потешки за откривање поради блискоста на астероидите. Во 2006 година, беа идентификувани четири нови фамилии со старост од 50000 до 600000 години. Се смета дека тие се помалку осетливи на промените кои настануваат со вселенското наводнување. (Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|