петок, 25.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Планета

Вонземјаните се исти како ИТ, мали се и имаат големи глави и очи

Едгар Мишел, астронаут од Аполо 14 тврди дека вонземјаните воспоставиле контакт со луѓето, но таа информација се криела цели 60 години.

Шестиот човек кој бил на месечината вели свесен е дека во текот на неговата кариера во НАСА имало многу посети на НЛО на нашава планета, но НАСА секој поединечен случај го сокривала.

Астронаутот Мишел вели дека луѓето кои биле во контакт со нив, ги опишуваат како “мали луѓе кои изгледаат многу чудно“. Вели дека ИТ од филмот на Спилберг е многу сличен на оние “вистинските“ вонземјани.

“Мали се, со големи очи и глави“, тврди Мишел.

Астронаутот исто така тврди дека нашата технологија не е приближно така напредна како нивната и дека нас нема да не има повеќе ако вонземјаните биле непријателски расположени кон нас.

Едгар Мишел

Мишел и капетанот на Аполо 13 Алан Шепард, се рекордери во најдолгата прошетка на месечината. Таа траела 9 часа и 17 минути, а се случила на мисијата 1971 година.

“Привилегиран сум што знам дека вонземјаните ја посетиле нашата планета неколку пати и дека феноменот НЛО е вистинит. Таа информација е добро сокривана цели 60 години, но информациите полека излегуваат на виделина и мене ми е драго што дознав за нив. Бев во воените кругови и околу тајните служби, тие знаат дека не имаат посетено, а според пишувањето на медиумите, таквите посети денес се случуваат често“, рекол Едгар Мишел.

“НАСА не бара НЛО. Не сме вклучени во било какво прикривање на посетите на вонземјаните овде на нашата планета или некаде во вселената. Мишел е голем Американец, но ние не го делиме истото мислење со него на оваа тема“, стои во служениот извештај на НАСА.


Наjновo од Футурама
MySpace се приклучи кон OpenID платформата
Пловечки фитнес центри
Вонземјаните се исти како ИТ, мали се и имаат големи глави и очи
Како деветката влијае врз потрошувачите
Тапанарите со подобра кондиција од фудбалерите
Logitech Wii тастатурата
CPU кулер со течен метал
Денот кога на Месечината чекореа луѓе
Од каде потекнуваат метеоритите
Спирит пронајде силициум на Марс
Ласер за пронаоѓање на далечни планети
Астронаутите на ISS може да заглават во Кибо
Меркур се собира
Соларна едрилица во Вселената
Најголемиот телескоп ќе биде надвор од овој свет
Венус Експрес најде хидроксил на Венера
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи