
|
 |
Футурама / Планета
Со авион во вселената
Британскиот богаташ, Ричард Брансон, го претстави својот нов вселенски авион кој ќе го има првиот комерцијален лет во вселената. Брансон го подржа овој проект и го претстави во Mohave Desert во Калифорнија.
 Ова летало со точка на лансирање на висина од 14.600 километри, дизајнирано е да превезе осум луѓе. Повеќе од 250 астронаути, се пријавија да бидат дел од екипата на вселенско летало, на кои им e понудена плата од 200.000 долари.
 Летот во вселената ќе трае четири минути, во кои патниците ќе имаат можност да ја почувствуваат бестежинската состојба и да го видат вселенскиот простор. Потоа леталото ќе се упати кон Земјата, каде ќе се приземји на пистата, на ист начин како што слетуваат авионите.
Според Брансон ова е најубавото и невообичаено летало што некогаш било направено. Тој откри дека први патници ќе бидат членовите од семејството, неговиот татко и мајка, чие име Ева е напишано на трупот на авионот. (Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|