понеделник, 06.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Планета

Aстероидот Апофис и се заканува на Земјата

Астрономите мака мачат да ја утврдат траекторијата на астероидот кој ќе предизвика пустош, доколку во 2036 година ја погоди Земјата.

Џиновскиот метеор, наречен Апофис се движи низ вселената со брзина од 10 километри на секунда. Научниците предупредуваат дека ударот на астероидот би бил пострашен од атомската бомба која на крајот на Втората светска војна е фрлена врз Хирошима.

Во Звенигород опсерваторијата, во близина на Москва, научниците ги набљудуваат космичките тела и ги проучуваат метеоритите со цел да ја разберат нивата внатрешна структура и големина. Тие го следат движењето на Апофис. Се обидуваат да утврдат колкава е опасноста, но тоа ќе биде јасно за неколку децении.

„Критичниот момент ќе биде во 2029 година, кога Апофис ќе мине крај Земјата, тогаш и со голо око ќе може да се забележи. Последиците од неговото пролетување ќе ни кажат дали повторно ќе се врати и ќе се судри со нас во 2036 година“, вели астрономот Сергеј Барабанов.

Доколку Апофис помине низ една точка на вселената, позната како клучалка, тогаш гравитацијата на Земјата може да му го смени неговиот правец, што би било кобно за нас.

Во античката египетска митологија, Апофис бил духот на злото и деструкцијата, демон со изглед на змија кој се обидувал да го стави светот во вечен мрак. Ова име сосема му прилега на астероидот особено ако се земат предвид глобалните последици од неговиот удар.

Според НАСА, експлозијата која ќе ја предизвика Апофис при судирот со Земјата ќе биде 100.000 пати посилна од онаа што ја предизвика атомската бомба, фрлена врз Хирошима.

Засега, според експертите, единствено решение на овој проблем е да се испрати вселенски брод кој ќе успее да ја смени траекторијата на Апофис.

Научникот Анатоли Заитцев смета дека е неопходно да се направи планетарен систем за заштита.

„Нема поента да ги откриваме овие објекти, доколку не се заштитиме од нив. Исто така неопходни ни се подобра технологија и техника за опсервација. Тешко е да се следат објектите од земја, сметам дека изградбата на опсерваторија во веселата е најдобро решение“, вели Заитцев.

Во меѓувреме, Русија се понуди да лансира сонда која ќе постави радио трансмитер на Апофис. Трансмитерот би требало да придонесе за попрецизно следење на орбитата на астероидот.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
„Полесно е да се лаже на и-мejл“
Телефон - проектор?!
LG MFFM37 медија плеер
Бета верзијата на Windows 7 пристига на 27-ми октомври
Кина ги шпиунира пораките на Скајп
IE и Firefox го губат пазарот?!
Од ѓубре до сортно вино за 30 минути
Бројот на ѕвездите во Вселената е уште поголем
Европа се затоплува побрзо од останатиот свет
Колку се опасни заканите од астероиди
Живот на Марс
Судир на две планети?!
Колку се стари прстените на Сатрун
Русин по душа
НАСА се подготвува за истражување на атмосферата на Марс
Откриена планета слична на Земјата
Направени најблиски снимки на црната дупка
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи