
|
 |
Футурама / Планета
Џиновско езеро на површината на Титан
 Американските научници објавија дека на површината на Титан, оддалечената месечина на Сатурн се наоѓа езеро во облик на стапка, големо колку Онтарио, а веројатно е исполнето со течен јаглеводород, соединение кое го има на Земјата.
Тоа е прв резервоар со течност кој забележан во нашиот планетарен систем. Фотографиите ги сними сондата „Касини“ која пред четири години започна да го истражува Сатурн и неговите сателити.
„Тоа е прв доказ за постоење на течност и течен јаглеводород на Титан“, изјави Роберт Браун, професор по планетарни науки на универзитетот во Аризона.
Езерото се наоѓа во јужниот дел на Титан, а бројни слични површини се забележани и на северниот дел. Научниците претпоставуваат дека оваа месечина е покриен со мориња од јаглеводород.
Откритието ги потврдува претходните претпоставки дека Титам има хидролошки циклус каков што има Земјата, но за разлика од водата на земјата, облаците и дождовите на Титан создаваат метан и етан.
Научниците сметаат дека НАСА и Европската вселенска агенција би можеле да испратат сонда која би слетала на некое од езерата.
Темното езеро на Титан е наречено Онтарио Лукус, но научниците се уште не можат да го објаснат фактот дека езерото нема бранови.
После јупитеровиот сателит Ганимед, Титан е втора најголема месечина во Сончевиот систем и е поголема од Меркур.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|