недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Планета

Како Земјата би изгледала „гола“

Овие слики на Земјата, за тоа како би изгледала кога би немала растенија, вода и инфраструктура, беа презентирани на One Geology - најголемиот проект за правење на мапи. Со овој проект целта била да се оди подлабоко во површината на Земјата, слично како на она што Google го има направено со своите Google Maps, Earth and Street utilities.

Три клучни работи биле основа за реализирањето на овој проект: Да се направат геолошки мапи на светот и пристап кон истите од сите светски интернет корисници; нов веб јазик кој ќе овозможи полесна комуникација и споделување на информации и сите земји да можат да имаат учество во креирањето, без разлика на тоа колку се развиени и сиромашни.

Околу 15.000 научници од 79 нации се собрале за да работат заедно на овој глобален проект, и да ја направат првата дигитална геолошка мапа во светот. Сите земји ги обезбедиле информациите и  ги платиле трошоците. Започнувањето на проектот чинел 1.000.000 долари, а завршил за помалку од една година.

Иан Џексон директор во British Geological Survey и координатор на проектот OneGeology , вели :" Геолошките мапи се основните инструменти за пронаоѓање на природни ресурси како вода, јаглеводород и минерали, кои би користеле и за предвидување на земјотреси, вулкански ерупции и за пронаоѓање на радиоактивни материи."

"Исто така, со пронаоѓање на природни ресурси, кои се основен извор на богатството за една земја, ќе се помогне на помалите земји за нивниот развој и во градењето на стабилна економија. Додека познавањето на составот на карпите ќе овозможи подобро толкување на геолошките промени во светот, "- вели тој.

Со овие мапи, може да се гледа составот на Земјата низ целиот свет, каде сликите се со висока резолуција и може да се максимизираат и појасно да се разгледаат. Резултатите од OneGeology проектот, ќе бидат подетално објаснети на 33-тиот Геолошки Конгерс во Осло, Норвешка на 6 Август оваа година.

(Т.Ј)




Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
Астронаутите ќе пијат вода направена од нивната урина
Откриени високо енергетски емисии од маглината Рак
Снимени четири новооткриени планети
Fermi го откри првиот пулсар кој зрачи само гама зраци
Заврши мисијата на сондата Феникс на Марс
Аномалиите при прелетите можеби се разоткриени
Луѓето се виновни за затоплувањето
Вулкански активности на Меркур
Во соѕвездието на Вулканците можеби постои живот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи