вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Футурама / Планета

Светот без луѓе

Апокалиптичките визии на иднината многу ретко вклучуваат бришење на човечката раса од лицето на планетата Земја. Но тоа не е добро за Стив Робинсон, кој и понатаму се прашува што би се случило доколку луѓето едноставно исчезнат? Се согласувате ли со идејата на овој „Нострадамус“ или типов врска нема што зборува?

Замислете дека утре ќе дојде крај на светот, по некое страшно сценарио за денот Д – нуклеарна зима, смртоносен вирус или било што. Каков би бил светот без хомо сапиенсот, односно како би изгледала планетата кога од лицето на Земјата ќе исчезне само човекот, а сиот останат животински и растителен свет ќе опстане.  


1 месец по денот Д

Откако ќе исчезнат луѓето, целата инфраструктура, меѓу кои и уличните светилки, камерите и слични направи, ќе продолжат со работа сè додека има струја. Без надзор, електраните и нуклеарните централи можеби ќе предизвикаат страшни катастрофални експлозии. По сето тоа, светлата на планетава ќе исчезнат засекогаш.

Светот ќе почне да се закрепнува од загубата на највлијателниот животински вид. Природата ќе си ги поврати загубените простори. Очајните и гладни животинки од Лондонската зоолошка градина, очајни за храна некако ќе избегаат од своите кафези.

5 години по денот Д

Почнува биолошка ерозија на градовите во кои веќе се пробива природата. Флората ќе се рашири. На почетокот најраспространети ќе бидат тревите. По извесно време ќе пораснат и грмушки и дрвца. По извесно време, улиците и цементот ќе почнат да се распаѓаат. Домашните миленици веќе одамна ги напуштиле домовите на своите сопственици. Милениците, групирани во мали групи ќе талкаат по улиците, а мачната потрага по храна ќе придонесе да се вратат кон своите корени, односно ќе почнат да се однесуваат како своите предци.

Громовите ќе предизвикуваат пожари во многу области. Пожарите рапидно ќе се шират поради потпалените цевки за плин и нафта. Во отсуство на итни служби, Филаделфија би претворила во пепел. На другата страна од планетата, огновите би беснееле, уништувајќи шуми и остатоци од градови какви што биле Калифорнија и Холивуд.

50 години по денот Д

Педесет години по денот Д, планетата Земја би била сосема поинакво место. И покрај тоа што неколку згради опстанале, многу градби веќе се срушиле поради влијанието на природните сили. Внатрешноста на опстанатите згради воопшто не би била сменета од денот кога луѓето исчезнале. Пластичните кеси сè уште би биле присутни. За нивно распаѓање би биле потребни уште педесетина години. Потврдата пластика, пак, би била присутна за многу милениуми.

Во Обединетото кралство, шумите би биле распространети речиси насекаде, посебно во областите кои некогаш биле села и ниви. Многу животни веќе би имале создадено домови во распространетите шумски предели. Дивите мечки можеби би живееле во центарот на Бирмингем.

1.000 години по денот Д

По еден милениум, биолошкиот живот на нашата планета се менува. Во Велика Британија, мачките се живи и здрави поради растечката популација на глувци. Мачките се претвораат во големи и силни предатори.

Температурите растат, глобалното затоплување предизвикува топење на поларните мразови и ги поплавува крајбрежните области. Холандија е под вода, исто и Флорида.

Градовите се сега руинирани. Од вселената овие области се гледаат како мали сиви флеки, со помалку зеленило. Некои згради и замоци се уште стојат, но и на овие зданија деновите им се броени.

И покрај тоа што човекот веќе го нема на планетата, ефектите од неговата активност се уште се присутни. Многу вештачки сателити се уште функционираат и се вртат околу земјата. Сателитот „Војаџер“ кој беше лансиран во 1976 година е оддалечен 346 милијарди километри од Земјата. Иако неговите системи одамна не функционираат, тој се уште плови во темнината.

10.000 години по денот Д

Голем астероид удира во Земјата во близина на Москва и ги уништува остатоците од градот за секунда. Прашина се шири преку целиот европски континент и го блокира сонцето за 10 години.

Како што нашите згради и алати полека се распаѓаат, биолошкиот живот на планетата рапидно се менува. Нови видови животни, кои еволуирале од домашните животни, се приспособуваат кон природата. Големи глодари се населуваат под почвата, копајќи мноштво дупки и тунели.

Следната ледена доба никогаш нема да се случи поради глобалното затоплување кое го предизвикал човекот. Северниот пол веќе го нема, и целиот реон е покриен со голем океан.

500.000 години по денот Д

Заради човекот, следните четири ледени доби нема да се случат, но сега се случува глобално заладување. Мразот повторно се формира на половите на Земјата и се шири кон Северна Америка и Европа. Ледените покривки се протегаат дури до Италија. Многу животински врсти нема да ја преживеат оваа климатска промена. Мразот ќе ги покрие последните остатоци од Лондон, Париз, Њујорк и Токио. Ерозивните сили на мразот би ги срониле и последните остатоци од некогаш гигантските градови. Кога мразот ќе се повлече, копната на Земјината топка ќе бидат оголени. Сите сеќавања од човекот би останале закопани под многу слоеви од почва како фусноти од човековата историја.

Сателитот „Војаџер 2“ продолжува на својот пат, 28 светлосни години далеку од дома, без никакво знаење за тоа што се случило.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Наскоро Windows Cloud
Астрероид влезе во земјината атмосфера
Регистрирано движење на Марс
Samsung Night Effect
„Полесно е да се лаже на и-мejл“
Телефон - проектор?!
Објавена нова верзија на веб страната Macedonia loves you
Бројот на ѕвездите во Вселената е уште поголем
Европа се затоплува побрзо од останатиот свет
Колку се опасни заканите од астероиди
Живот на Марс
Судир на две планети?!
Колку се стари прстените на Сатрун
Русин по душа
НАСА се подготвува за истражување на атмосферата на Марс
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи