среда, 07.01.2009

  IDIVIDI Мени
Футурама / Планета

Група роботи во вселената

Роботите кои се организираат во групи и кои се искачуваат по различни места, еден ден ќе можат да се користат за истражување на вселената и за опасни работи на Земјата, велат истражувачите. Тие сметаат дека група на меѓусебно поврзани роботи, се поадаптибилни и попаметни, од поединечните роботи.

 

"Веќе долго време, роботиката се фокусираше на создавање на "паметни машини", андроиди, кои можат да направат појадок или да купуваат наместо вас. Ќе биде многу полесно, доколку се насочиме кон поедноставни работи и се ослониме на тоа тие самите да научат да се организираат", вели др. Сет Булок, истражувач од University of Southampton.

 

Студентите од овој универзитет, создадоа прототип на роботи, кои можат да се организираат меѓу себе, без никаква контрола од некоја централна програма. Тие шетаат наоколу и комуницираат со помош на ист вид на инфрацрвена технологија, што се користи и за мобилните телефони.

 

Со помош на црвени и зелени светла се набљудувало, која од задачите роботите ќе изберат да ја извршат. Групата се поделила така што 80% биле со црвена боја, а 20% со зелена. Кога роботите кои биле со зелено светло биле ставени во друга просторија, исто така се поделиле со сооднос 80:20.

 

Ова може да биде корисно доколку се пратат за истражување на вселената, бидејќи без разлика колку од нив нема да успеат до крај да ја извршат мисијата поради некој технички проблем, сепак останатите ќе успеат да ја исполнат целта.

 

Исто така, сличен вид на роботи, наречени Sbot robots, се програмирани да се групираат во вид на синџири и заедно да извршуваат некои задачи. Тие имаат вграден софтвер кој се базира на самостојно учење и способност за адаптирање на различни ситуации, така што сами ќе имаат способност за одлучување.

 

Една од основните цели на истражувачите е да ги искористат овие роботи за помош на сателитите и вселенските станици. Исто така би можеле да бидат корисни и за некои работи на Земјата како градење на соларни фарми и други енергетски технологии.




Наjновo од Футурама
Крај на „животниот век“ на ВХС касетите
„Muxlim Pal“
Шпионско пенкало
Во Франција лансиран првиот ОЛЕД телевизор
Огледало за поглед од 360 степени
Ниту милиметар подалеку од Троја
„Zune“ потфрли на крајот на 2008
2009-тата ќе биде една од најтоплите
Космонаутите на МВС 20 пати ќе ја дочекаат Новата Година
„Јато“ од НЛО забележано во Британија
Месечината на Сатурн, Титан има активни ледени глечери
СМС пораки до вонземјаните
Сончевиот ветaр е ослабен
Нови сознанија за магнетарите
НЛО над Нов Загреб
Во средината на нашата галаксија се наоѓа голема црна дупка
Патување во вселената со лифт
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи