недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Планета

Плутон сепак е планета?

Водечките астрономи велат дека на Плутон треба да му се врати статусот на планета. Вселенските научници, вклучувајќи ги и оние од НАСА,  дебатираа на оваа тема на Меѓународната Унија на Астрономите, одговорна за номенклатурата на вселенските објекти.

Познато беше дека ова е најоддалечената планета од сончевиот систем, но 70 години по нејзиното откривање и се смени статусот на планета, поради малата големина и променливата позиција во сончевиот систем. Поради тоа Плутон, беше преименувана во нов вид на вселенски тела познати како плутонити.

Сепак научниците се жалат на оваа одлука на Унијата, поради тоа што сите ново откриени планети надвор од нашиот соларен систем, нема да бидат третирани како такви. Според тоа, сите нови мали и кружни тела, кои се движат зад орбитата на осмата планета Нептун, се сметаат за плутонити.

"Астрономите користат различни придавки како гигантска или џуџеста за да опишат објекти како планети, ѕвезди и галаксии, па зошто тогаш Плутон не може да се смета за џуџеста, а Јупитер за гигантска планета. Околу 90% од планетите кои се познати и се наоѓаат надвор од сончевиот систем, не можат да се класифицираат како планети според дефиницијата дадена од Меѓународната Унија на Астрономите", вели др. Дејвид Морисон директор на Планетарниот Научен Институт на НАСА, Калифорнија.

Според најавите, на дебатата, научниците требаа да дискутираат за критериумите според кои едно вселенско тело ќе се смета за планета. За сега не се познати исходите од разговорите на кои требаше да се разговара дали треба да се сметаат за планети само заоблените вселенски тела или пак треба да има и други форми кои можат да го добијат статусот, планета.

Ова ги плаши традиционалистите од Меѓународната Унија на Астрономите, кои стравуваат дека на овој начин со пронаоѓањето на нови и помали вселенски објекти, ќе се зголеми бројот на планетите во сончевиот систем.


Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
Астронаутите ќе пијат вода направена од нивната урина
Откриени високо енергетски емисии од маглината Рак
Снимени четири новооткриени планети
Fermi го откри првиот пулсар кој зрачи само гама зраци
Заврши мисијата на сондата Феникс на Марс
Аномалиите при прелетите можеби се разоткриени
Луѓето се виновни за затоплувањето
Вулкански активности на Меркур
Во соѕвездието на Вулканците можеби постои живот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи