
|
 |
Футурама / Планета
Арктичкиот мраз се топи со забрзано и загрижувачко темпо
Од арктичкиот мраз во близина на северниот брег на Канада минатиот месец се одвои огромно парче со површина од 55 квадратни километри, соопшти Центарот за нордиски студии при Универзитетот „Лавал“ во Квебек.
 Според Центарот, покрај оваа голема санта мраз, во истиот регион од почетокот на минатиот месец од замрзнатата плоча на Арктикот се одвиле уште две помали парчиња мраз, со вкупна повшина од околу 76 квадратни километри, што е доказ дека мразот околу Северниот пол се топи со „забрзано и загрижувачко“ темпо.
- Овие промени се масовни и загрижувачки, изјави директорот на Центарот, Ворвик Винсент.
Експертите предупредуваат дека температурите во реонот на Арктикот растат побрзо од просекот во последниве децении, што според нив, е последица на глобалното затоплување.
Експертот за Арктикот при Универзитетот „Трент“ од Онтарио, Дерек Милер смета дека станува збор за „иреверзибилини промени“ кои укажуваат дека исчезнуваат условите во кои арктичкиот мраз опстојуваше илјадници години.
Според него, само во текот на ова лето кај арктичкиот остров Елесмер се истопиле 134 квадратни километри мраз, што е десетпати повеќе од прогнозите на експертите.
Островот Елесмер, кој е под канадска управа, во минатото бил опкружен со мраз од речиси 10.000 квадратни километри, а денес околу него има само четири санти со вкупна површина од нешто повеќе од 770 кавдратни километри.
Научниците тврдат дека е невозможно возобновување на овие плочи мраз, кои соодржат уникатни екосистеми, што допрва треба да се проушуваат.
Тие предупредуваат дека топењето на мразот на Арктикот има глобални импликации, бидејќи тој има улога на „чадор“ што ги одбива сончевите зраци во вселената и со тоа се спречува загревањето на Земјата. Со продолжувањето на топењето на арктичкиот мраз во следниот период ќе претстои и пораст на глобалното затоплување.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|