
|
 |
Футурама / Планета
|
|
Подготовките на Американецот Мајк Финк за лет на МКС Русин по душа
Американскиот астронаут Мајк Финк, кој се подготвува за лет на Меѓународната вселенска станица на 12 октомври, себеси се смета за „руски космонаут“ бидејќи летал само со руски вселенски бродови и излегувал на отворено во вселената само во руски скафандри. - Во САД работата се смета за задача која треба да се исполни, а во Русија се „се препушта на душата“, истакнува американскиот астронаут
 Командирот на 18-та вселенска мисија, Американецот Мајк Финк, кој се подготвува за лет на Меѓународната вселенска станица на 12 октомври, себеси се смета за „руски астронаут“, бидејќи летал само со руски вселенски бродови и излегувал на отворено во вселената само во руски скафандри.
- Јас ништо не знам за американските шатлови, никогаш со нив не сум летал, ниту некогаш ќе летам. Заради тоа во САД ме нарекуваат Русин, јас во вселената на отворен простор ниту еднаш не сум излегол во американски скафандер, рече американскиот астронаут, кој се подготвува за полагање на пред летачкиот испит на Меѓународната вселенска станица.
Половина година Финк престојувал на МКС во мисијата МКС-9 во својство на бродски инженер.
На 12 октомври во орбитата повторно ќе лета со руски „Сојуз“ како командир на 18-та основна мисија. Неговиот колега Јуриј Лончаков поседува летачко искуство и на шатловите и на Сојузот.
- Лончаков знае како функционира американскиот шатл и во тоа е предноста на нашиот екипаж, истакна Линч, додавајќи дека тој ќе му помага и заедно успешно ќе го изведат програмот.
Американскиот астронаут смета дека е потешко да се биде командир на вселенски брод отколку заменик.
- Командирот не мисли само за себе туку за целиот екипаж, истакнува Финк.
Според американскиот астронаут, „порано бил одговорен само за својата работа, а сега мора да се грижи не само за успешно завршена мисија на летот, туку и за пријатната атмосфера на станицата“.
Тој уште пред летот се договорил со психолозите кои го следат екипажот од Центарот на управата за летови како ќе се прослави роденденот на Лончаков, Божик и другите празници, бидејќи екипажот на МКС ќе помине половина година.
- На луѓето секако им се неопходни позитивни емоции, потенцира астронаутот.
Финк истакнува дека имал прекрасен учител на орбитата, командирот на МКС-9 Генадиј Падалк кого го смета за „најдобар командир во историјата на астронаутиката“.
- Имав среќа да летам со Падалк. Многу е стрплив и тој ми објасни што треба да работам и како да се однесувам како командир на екипажот, истакна тој.
Падалк исто така полага испит пред летањето во својство на резервен бродски инженер.
Кога е во прашање работа и престој во орбитата Финк подвлекува дека предноста на Русите е во тоа што „се што работат, го работат со душа“.
- Кај нас во САД работата е задача која треба да се исполни, а во Русија се „се препушта на душата“, истакнува американскиот астронаут додавајќи „дека сака да научи да работи како Русите, со душа, бидејќи тогаш го чека сигурен успех“.
Мисијата МКС-18 ја чека опширна програма. Треба да ги постават и регулираат системите за животни услови кои треба да обезбедат нормален живот и работа на екипажот на МКС од шест луѓе.
До сега на станицата по шест месеци престојуваа по два постојани членови на екипажот. Побројна мисија на МКС треба да се најде следната година.
За време на престојот на МКС екипажот треба да прифати два шатла и да изведе едно планирано а можеби и едно непланирано излегување на отворено во вселената.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|