
|
 |
Футурама / Планета
|
|
Живот на Марс
Група научници од Агенцијата за вселенски истражувања (НАСА) одредиле три локации на Марс каде постои можност за пронаоѓање на траги од живот.
 Врз основа на препораките на 150 астрономи, геолози и биолози одлучено е научната лабораторија „Mars Science Laboratory“ наскоро да се приземји во близина на кратерите Гејл, Холден и Еберсвалд.
Научниците сметаат дека на местото на картерот Гејл некогаш постоело езеро, во Холден се изливале неколку реки, а во Еберсвалд постоела делта.
Сите три кратери се богати со филосиликати, минерали кои се создаваат кога магмата подолго време ќе биде во контакт со вода.
Во моментов на Марс не постои вода, но сондата „Феникс“ ги испрати првите докази дека на оваа планета некогаш постоела оваа особено важна течност.
Иницијаторите на идната мисија не се уверени дека ќе добија одговор за живот на Марс, но сметаат дека новите податоци значително ќе ги прошират знаењата за оваа планета.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|