недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Планета

Бројот на ѕвездите во Вселената е уште поголем

„Стапката на раѓање“ на ѕвезди дефинитивно тешко се одредува. Растојанието и оддалеченоста во Универзумот дефинитивно им ја отежнува работата на астрономите во броењето на новоформираните небесни тела. Сепак, ѕвездите во формирање испраќаат своевидни сигнали, познати како „H-alpha“ емисија, која им помага на астрономите . Колку повеќе ѕвезди се формираат од одреден дел од вселената толку поголема е емисијата на „H-alpha“ зраците од тој предел.

„Емисијата на „H-alpha“ зраците се случува само во пределите каде што постојат големи ѕвезди“, вели Јан Флам-Алтенбург од универзитетот во Бон.

Досега се веруваше дека „тешките“ и „лесните“ ѕвезди се раѓаат на одредено растојание и дека едно „H-alpha“ бебе е придружувано од 230 полесни ѕвезди, кои поради својата мала маса не се во состојба да емитуваат „H-alpha“ зраци.

Сепак, последните опсервации покажаа дека оваа теорија е неодржлива. На краевите на „дисковидните галаксии“ „H-alpha“ радијацијата нагло завршува. Долго време научниците тврдеа дека тоа е доказ дека во овие предели нема новосоздадени ѕвезди бидејќи количината на гасовитите материи е премногу мала за да може да се соедини и да формира топка од која подоцна ќе се роди ѕвездата.

Неодамнешните сателитски снимки откриваат дека ѕвездите сепак се формираат и во предели каде што воопшто нема „H-alpha“ зрачења.

Овие пронајдени ѕвезди се со толку мала маса, што во ниту еден случај не се во состојба да емитуваат „H-alpha“ зраци. Како последица на ова научниците сега наведуваат дека досегашното тврдење дека секоја ѕвезда со поголема маса е опкружена со 230 полесни ѕвезди не може да се применат и за краевите на галаксиите.

„Новите податоци отворија една нова мистерија во астрономските кругови“, смета професор др. Павел Кроупа.


Наjновo од Футурама
Asus се фали со најбрз smartphone
Успешно фотографирана екстрасоларна планета!
HP лаптоп со touchscreen
Dell најави 80-јадрен процесор
Европска дигитална библиотека
Совршениот разговор трае 9 минути и 36 секунди
Пронајден гробот на д’Артањан
Астронаутите ќе пијат вода направена од нивната урина
Откриени високо енергетски емисии од маглината Рак
Снимени четири новооткриени планети
Fermi го откри првиот пулсар кој зрачи само гама зраци
Заврши мисијата на сондата Феникс на Марс
Аномалиите при прелетите можеби се разоткриени
Луѓето се виновни за затоплувањето
Вулкански активности на Меркур
Во соѕвездието на Вулканците можеби постои живот
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи