Англија на нозе, се појави НЛО
Мистериозен објект кој што беше забележан покрај познатата ветерница во Норфолк, Источна Англија, ја разбранува британската јавност. Неидентификуваниот летачки објект бил фотографиран од локалниот фотограф Питер Реј, кој изјави дека ова е нормално за Норфолк и додаде дека вонземјаните очигледно се интересираат за нашата стара технологија.

- Неидентификуваниот објект се движеше по небото од десно кон лево и очигледно беше дека целта за испитување беше старата позната ветерница во Норфолк, изјави Питер за лондонскиот таблоид The Sun.
Познатиот НЛО експерт Ник Поуп рече дека ова е интересна фотографија која допрва ќе биде проучена. Останува да видиме дали старата ветерница во Источна Англија навистина била цел за испитување на вонземјани.

|