Далас го доби Кид

Џејсон Кид доби “зелено светло” да го пропушти првиот тренинг на Нетси по ол-стар викендот, но не само поради тоа што му требаше повеќе време да се врати во Њу Џерси од Њу Орлеанс. Место “дома”, од градот каде се одигра 57. Ол-стар средба се очекува Кид да замине за Тексас каде ќе се финализира “трејдот” во Далас, тимот во кој ја почна својата НБА кариера. Иако с$ уште не е познато (барем не беше до синоќа), претседателот на Нетси, Род Торн, самиот потврди дека работата е речиси завршена.

Тоа е јасен знак дека по неколкуте неочекувани пречки, “трампата” на Кид во Далас ќе биде комплетирана пред крајниот рок за “трампи” оваа недела. Сагата околу овој “трејд” траеше цели седум дена, а дел од неа беа блокадата на дилот од страна на Девин Џорџ, кој одби да се пресели во Њу Џерси, потоа Џери Стекхаус, кој изјави дека и да биде испратен во Нетси тој таму ќе го откупи договорот и ќе се врати во Далас, што не е дозволено. На крајот Мавси во договорот го вклучија полупензионираниот Кит Ван Хорн, кој нема НБА настап повеќе од една година.

На крајот, Џорџ и Стекхаус беа повлечени од “трејд” пакетот на Далас, а на нивното место “влетаа” Ван Хорн и Трентон Хесел. Покрај нив, нови членови на Нетси ќе станат 24-годишниот плеј Девин Херис, центарот Десагана Диоп, Морис Ејгер, два идни пика од првата рунда оваа и 2010 година и плус три милиони долари во кеш.

Доколку не се појави уште некоја неочекувана пречка меѓу двата тима, лесно може да се случи Кид своето деби за Далас да го има уште вечерва кога Мавси гостуваат во Њу Орлеанс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...