Футурама / Технологија
Модерен моноцикл
Долгиот животен век е клучен индикатор на класичниот дизајн.
Според овој стандард, за велосипедот да биде вечен во својот изглед тој треба да биде совршен.
Иако многу луѓе се обиделе, првичниот модел не е радикално сменет од Starley Rover сигурносниот велосипед од 1885 година.
Последниот обид за редизајнирање на класичниот изглед претставува моноциклот на Бен Вилсон претставен на “XXIst Century Man“ саемот одржан во Токио.
Иако самиот креатор не смета дека неговиот изум ќе преовлада во светот сепак неговата вредност е голема и доаѓа од размислувањето “надвор од кутијата“.

(Б.Т)
|