Футурама / Технологија
Персонален ракетен хеликоптер
Компанијата “Tecnologia Aeroespacial Mexicana“ е позната по своите чудни дизајни кој сепак на крај биле комерцијализирани. Зошто тогаш со овој нов дизајн да биде поинаку? 
Libelula Rocket Helicopter е концепт кој користи мали ракетни мотори поставени на краевите на пропелерите кој со својата одбивна сила вршат ротација на истите. На овој начин се избегнува користењето на големи мотори или мотори кои би го трошеле горивото побргу, а исто така се на намалуваат и вибрациите при работата. Новитетите во изработката на персоналниот хеликоптер се значителни и го прават овој производ во потенцијално идно превозно средство достапно за сите. (Б.Т)
|