Футурама / Технологија
20 најНЕпотребни гаџети
Според новото истражување, најнепотребен гаџет до сега е електричниот апарат за средување на ноктите кој дава “беспрекорни“ резултати и кој е доста скап (250-400 евра).
На второто место се ножичките за шишање со ласерски покажувач кој даваат правец на шишањето. Овој производ е непотребен особено ако ви се тресе раката (а тоа се луѓето кој беа таргетирани од производителите), бидејќи и светлото ќе се тресе.
Видете го списокот на 20-те најнепотребни гаџети во домот за кој џабе би фрлиле пари:
1. Електричен средувач на нокти 2. Ласерски насочени ножици 3. Електрични свеќи 4. Апарат за газирање на вода 5. Спа апарати за нозете 6. Фонду сетови 7. Пегла за коса 8. Варач на јајце 9. Електричен отстранувач на мов и `рѓа 10. Електрични ножеви 11. Преса за панталони 12. Апарат за парење на лице 13. Чајник 14. Мини диск плеер 15. Солариум за лице 16. Сечач на јајца 17. Електричен отварач за конзерви 18. Апарати за правење на јогурт 19. Греач на пешкири 20. Чешач на грб
Просечниот животен век на еден гаџет изнесува околу 1 година, период во кој луѓето ќе сфатат дека купиле непотребна глупост или додека да се појави подобра верзија.
(Б.Т)
|