Футурама / Технологија
HTC го напаѓа 3G iPhone со Touch Diamond
На втората верзија на мега-популарниот мобилен телефон iPhone - 3G iPhone, HTC ќе одоговори со нивниот најавен smartphone, HTC Touch Diamond.
Новиот телефон со екран кој е осетлив на допир има голем број заеднички работи со iPhone, но се себе носи и свој, различен стил.

Touch Diamond има нов, фенси интерфејс наречен TouchFLO 3D кој нуди можност за влез во сите опции на телефонот и располага со свој пребарувач на веб страни преку својата 3G бежична конекција.
Од останатите поинтересни опции се издвојува автоматското преминување во “silent“ режим на функционирање кога телефонот ќе се сврти со интерфејсот надолу на подлога.
Дали плановите на HTC во надминување на 3G iPhone ќе се остварат, останува да видиме до летото.
 
(Б.Т)
|