Футурама / Технологија
Би-капак тегла
Кога мачкаме мајонез, ајвар, џем, мед итн. од тегла, најголемиот проблем со кој се соочуваме е “чистењето“ на последното “грамче“ од нејзината содржина.
Некои пробуваат да бутнат рака длабоко во теглата и со лажичката да допрат до дното, други користат долга лажичка, додека трети лица користат лепче или нешто слично кое ќе го наденат на вилушка и ќе ја “соберат“ содржината.
За во иднина да не се машите многу, купувајте производи кој се спакувани во ваква интересна тегла.

Иако се базира на едноставна досетливост, теглата е решение за сите предходно наведени проблеми.
Кога ќе стигнете до крајот на теглата, само отворете го долниот капак и дојадете се без грижи.
(Б.Т)
|