Футурама / Технологија
Samsung F400, дуал слајд – музички телефон
Samsung го најави лансирањето на неговиот дуал слајд (слајд во две насоки) – музички телефон под името F400, кој е опремен со ICEpower технологијата на Bang & Olufsen.
Мобилниот, кој е дизајниран за да го придобие сечие музичко срце, е опремен со Smart Bass кој овозможува богат, длабок и моќен звук кој се контролира преку Smart Limiter софтверот.

Кога ќе направите слајд на мобилниот нагоре, ќе се појави металната тастатура со солидно изразени копчиња кои ќе направат да го намалите бројот на грешки при притискањето, во однос на рамните тастатури.
Кога, пак, ќе направите слајд надолу, F400 го открива својот моќен дуал-стерео звучник и се трансформира во музички плеер.

Од останатите спецификации, поинтересни се 3MP камерата, FM радио, Bluetooth 2.0, 1GB SD вградена меморија и слот за додатна мамориска картичка до 8GB.
Самсунговиот новитет ќе се појави прво во Франција, и тоа овој месец, а потоа во останатите Европски земји и пошироко.
Со опциите за црн или бел модел, овој мобилен би требало да биде поскап во својата класа, ако ништо друго, поради фактот што Bang & Olufsen имаат замешано прсти во него.
(Б.Т)
|