петок, 20.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Футурама / Технологија

Неуништлив мобилен - Motorola MC75

Новиот телефон на американската компанија Motorola, MC75 не го карактеризираат компактни димензии, тенок елегантен изглед, мала тежина, ниту пак спектар пастелни металик бои во кои може да купи.

Тој ја исполнува својата основна задача – да биде речиси неуништлив. За повеќето корисници, овој телефон повеќе наликува на радио станица.

Motorola MC75 спаѓа во уредите од типот EDA (Enterprise Digital Assistant), кои се наменети специјално за работа при тешки теренски услови. Тој нуди  брз пристап на говор и податоци со поддршка на 3G мрежата, базирани на HSDPA и CDMA-EVDO (Rev A) стандардите за безжична комуникација.

Отпорниот EDA уред нуди безжично приклучување на интернет со помош на стандардниот WiFi 802.11 b/g и самоподесувачка дигитална камера од два мегапиксела.

Срцето на уредот е процесорот на фирмата „Intel“, модел XScale PXA270 со фрекфенција од 624 MHz. Љубителите на компјутери ќе се израдуваат на податокот дека уредот работи на оперативен систем Microsoft Windows Mobile 6.0.

Според очекувањата, MC75 ќе се појави на пазарот во третото тромесечие  годинава.

(Д.Т)




Наjновo од Футурама
Женските шимпанза се промискуитетни
LCD Vs Плазма телевизори
Базените мета на интернет „падобранци“
Остануваат уште 10 мисии
Sony Ericsson C905 8.1MP Cybershot
Интернет телевизијата погледана од стандардната
Робот за осамени мажи
Неуништлив мобилен - Motorola MC75
Nokia E71
Видео-очила, кои ви даваат чувство дека сте во кино
Императорска работна станица
Скенери кои гледаат под облека
Машина за перење која користи 1 чаша вода
„Паметна дланка“ - пронајдок на годината
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи