понеделник, 06.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Футурама / Технологија

Јазикот во помош на инвалидите

Истражувачи од САД развија нов апарат што користи мал магнет, кој им помага на инвалидите да управуваат со количката корстејќи го само врвот на јазикот.

Магнетот со големина на зрно ориз, е имплантиран под јазикот и им овозможува на луѓето сами да ја бираат насоката на движење.

"Го избравме јазикот како координатор на овој систем бидејќи, за разлика од рацете и нозете, кои се контролирани од мозокот преку 'рбетниот мозок,  јазикот е директно поврзан со мозокот преку карнијален нерв, -  "велат од тимот на Универзитетот за технологија во Џорџија.

"Овој нерв ги избегнува оштетувањата и повредите кои би можеле да настанат кај 'рбетниот мозок, а и движењата на јазикот се брзи, прецизни и не бараат многу размислување, концентрација или напор,"- вели Мајсам Џованло, кој е дел од тимот.

Апаратот функционира така што корисникот има слушалки со магнетно поле кои го следат магнетниот имплант на јазикот и ги пренесуваат сигналите до преснослив компјутер, кој може да биде сместен на количката.


"Овој пронајдок може да направи вистинска револуција во полето на технологии за помош на оние индивидуи кои се физички неспособни, за да им се овозможи да водат активен, независен и продуктивен живот, "- вели Џованло.

Истражувачите велат дека компјутерот може да биде програмиран да ги препознава уникатните специфични движења на јазикот за секој корисник посебно. Постои можност за усовршување на овој систем така што би можело да се направи опција каде со допирање на секој заб би се извршувала различна наредба.

(Т.Ј)




Наjновo од Футурама
„Полесно е да се лаже на и-мejл“
Телефон - проектор?!
LG MFFM37 медија плеер
Бета верзијата на Windows 7 пристига на 27-ми октомври
Кина ги шпиунира пораките на Скајп
IE и Firefox го губат пазарот?!
Од ѓубре до сортно вино за 30 минути
Пристига Nokia Tube
Нова верзија на Nintendo DS конзола
Прв 3Д дигиталец од Fujifilm
Sony Walkmаn B-серија
HP iPAQ 914 Business Messenger
Нов вид на рерна за побрзо готвење
Шлем што „чита“ мисли
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи