
|
 |
Футурама / Технологија
Збогум згодни шанкери - здраво бармен-роботу
Завршија деновите кога барменот ја игнорира вашата нарачка, а сите околу вас го добиваат својот пијалак.
Механичкото чудо, вредно нешто повеќе од 100.000 евра е првиот бармен-робот, познат под името господин Асахи. За изработката на еден тон тешкиот барем беа потреби 200 работни часа, а на него работеа осум јапонски инженери.
 Господин Асахи може да отвaрa шишиња пиво, а послужувањето се прави за помалку од две минути, што е за 13 минути пократко од просечното време на чекање кое изнесува 15 минути. Бармен-роботот во моментов е во функција во лондонскиот бар „Selfridges“
„Здраво на сите. Прекрасно е да се биде тука. Дали би сакале Асахи пиво?“, вели со модулиран глас господин Асахи.
Сепак, на господин Асахи му треба повеќе време за да ги научи барменските вештини, за разлика од обичниот шанкер. Бармен-роботот треба да мине низ шестмесечна обука пред да ја заеме својата прва нарачка.
„Бармен-роботите немаат проблем со однесувањето, работат брзо, не јадат, не прават паузи, па оттука тие се совршени работници“, вели сопственикот на барот каде господин Асахи работи.

Сепак, оние кои сакаат личен контакт и пријателски муабет со барменот, нема да бидат среќни доколку ова стане реалност во сите барови. Иако газдите сметаат дека со бармен-роботите побргу ќе ја вршат работата, забораваат дека припадничките на понежниот пол знаат да се „запијат“ на шанкот и да направат голем промет само поради шармантниот бармен.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|