Футурама / Технологија
LEGO MP3 плеер
Доколку како дете сте ги сакале LEGO коцките, или пак сега имате дете кое си игра со нив, веројатно ќе се израдувате од појавата на MP3 плеерот инспириран од овие играчки.

Произведувач на LEGO плеерите е компанијата Homade, а интересно е што контролите на плеерот се изработени од пластика и се скриени во карактеристичните испупчени делови на коцките.
Секој плеер, кој може да се најде во најразлични бои, има вградена литиумско-јонска батерија, која ви овозможува шестчасовно непрекинато музичко задоволство.
За складирање на податоците служи microSD слотот ( за кој, за жал сами ќе треба да си обезбедите картичка), а има максимален капацитет од два гигабајти. Цената на LEGO плеерите е само 46 американски долари.
(Д.Т)
|